15.8 C
Скопје
10:00 - 29 март, 2024

Хари и Меган блеснаа во црвено – Парот полека но сигурно се збогува од кралските должности (ФОТО)

Принцот Хари ја одработи својата последна задача како генерал на кралската морнарица, па на службениот прием во Ројал Алберт Хол во Лондон дојде со сопругата Меган Маркл.

Војводите од Сасекс вчера ги собраа сите погледи во Ројал Алберт Хол во Лондон, кога се појавија на свечениот концерт облечени во складна модна комбинација и двајцата во црвена боја.

За свечениот концерт, Хари носеше црвена кралска униформа, додека Меган Маркл беше облечена во елегантен макси фустан од „Сафија“ достапен во продажба по цена од 1.295 фунти.

Да потсетиме, Меган и Хари се повлекуваат од кралските должности, а до 31-ви март, кога официјално завршуваат нивните кралски обврски, ќе учествуваат на уште неколку службени настани. Денес Меган ќе учествува на настанот организиран по повод Денот на жената, 8ми март.

Освен со фустанот, Маркл изненади и со фризурата – елегантно „испеглана“ каква до сега не сме ја виделе нејзината коса. Патецот е точно на средина на главата, а од двете страни на лицето само по еден прамен коса е закачен зад ушите.

Модната комбинација е надополнета со црвена чантичка од модната марка „Маноло Бланик“ и чевли од италијанската марка „Акваѕура“.

Пристигнувањето на Меган и Хари во Холот било проследено со огромен аплауз, а пред да се сместат во кралската ложа, биле поздравени од маринци и бројни важни гости на овој настан.

Слични објави

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо
Се вчитува....