11.8 C
Скопје
08:56 - 25 април, 2024

Годините не ја запираат: Доли Партон на 75 години сака повторно да биде на насловната страница на „Плејбој“!

Познатата кантри ѕвезда Доли Партон, која неодамна го прослави својот 74 роденден, сака повторно да биде на насловната страница на магазинот „Плејбој“ и тоа кога ќе наполни 75 години. 

Популарната пејачка при гостување во телевизиско шоу изјави дека нема намера да се пензионира и да се повлече од музичката сцена, како и дека се надева оти следната година повторно ќе биде на насловната страница на познатото списание, пренесува „Пипл“.

Не планирам да одам во пензија. Имам само 74 години и сакам повторно да бидам на насловната страница на „Плејбој“ – порача Доли.

Forty years ago this month Dolly Parton was featured in the October 1978 issue of Playboy magazine.??: https://dollyparton.com/life-and-career/playboy-cover/4169/amp

Publiée par The Dolly Parton Fan Page sur Vendredi 26 octobre 2018

Пред многу години се сликав за „Плејбој“, и мислам дека би било одлично да го повторам тоа. Јас сакам да се најдам на насловната страница кога ќе наполнам 75 години – изјави славната пејачка.

На прашањето дали би ја повторила оригиналната фотографија во иста облека, пејачката одговори: „Можеби!“ .

– Веројатно би можела да ја искористам истата слика, градите ми се и натаму исти! – се пошегува Партон.

Доли Партон се појави на насловната страница на списанието „Пејбој“ во октомври, во 1978 година, кога имаше 32 години.

Во таа прилика Доли го носеше препознатливиот костим на плејбој-зајачица и беше првата кантри-ѕвезда која ја красеше насловната страница на магазинот.

 

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо
Се вчитува....