6.8 C
Скопје
01:03 - 29 март, 2024

Еве како САМИ си ја саботираме врската!

Ако долго време не можете да ја најдете причината за проблемите, можеби треба да погледнете во огледалото. Можеби токму вие ја саботирате вашата врска, а не сте ни свесни за тоа. Погледнете ги 6-те знаци кои ќе ви помогнат да дознаете.

1. Се повлекувате кога работите стануваат сериозни

Многу луѓе мислат дека љубовта ќе биде лесна штом ќе го пронајдат вистинскиот човек. Вистината е дека колку поблиски станувате со партнерот, толку повеќе може да бидете повредени. Ако се повлекувате кога работите стануваат сериозни, можеби сакате да ја избегнете болката. Поврзувањето може да разбуди емоции кои биле закопани со години, а вашата врска нема да просперира ако не се справите со лузните од минатото.

2. Премногу контролирате

За врската да биде успешна, на секој од партнерите му е потребен простор. Ако не сакате да му дозволите на партнерот тој да го контролира својот живот, вашата врска сигурно нема да биде здрава.

3. Врската се состои само од расправии без напредок

Ако сакате да правите сцени, голема е веројатноста вашата врска да не трае долго. Ова однесување може да биде обид да го прекриете вашиот страв од повреда, несигурност или подлабоки проблеми со кои се немате справено. Многу е поважно да се справите со вашите проблеми отколку да бидете во нездрава врска.

4. Премногу барате

Никогаш не е добро премногу да бидете зависни од партнерот. Ако постојано му се јавувате и ако постојано барате нешто од него, вие само го терате вашиот партнер да се оддалечи од вас. Важно е да се ослободите од оваа негативна навика и да станете личност со самодоверба која е независна.

5. Никогаш не реагирате

Иако негрижата за постапките на партнерот можеби изгледа како врската да е совршена, сепак ова однесување е само маска. Тоа ќе го натера партнерот да мисли дека навистина не ви е грижа за него. Немојте да го држите партнерот на дистанца само затоа што ви е страв да ги кажете вашите мисли и чувства. Ако тој направи грешка, бидете искрени и разговарајте за тоа.

6. Не му дозволувате на партнерот отворено да зборува

Ако партнерот ја нема слободата да биде свој во врската, таа нема да функционира. Важно е да му дозволите отворено да ви каже што мисли бидејќи тогаш ќе знае дека го прифаќате и цените. И покрај несогласувањата, секој заслужува да биде слушнат.

Слични објави

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо

Која е тајната на косата на Трамп: Бојадисување на негов начин, лекови и трансплатација

Еспресо
Се вчитува....