11.8 C
Скопје
22:15 - 19 април, 2024

Ева Мендез е една од најпосакуваните жени, а сепак се срами од оваа своја „мана“ (ФОТО)

Поголемиот дел од мажите без размислување ќе се согласат дека актерката Ева Мендез е една од најсовршените жени во светот, но верувале или не, и таа има свои несигурности и мани.

Таа на Инстаграм откри кој дел од своето тело најмалку го сака и многу жени ќе се пронајдат во ова.

„Никогаш не сум ги сакала своите пазуви. Предупредување: Не зумирајте, ова е вознемирувачко“, напишала Ева.

Оваа „мана“ не е никаква новост и со неа се опседната бројни холивудски ѕвезди. Тоа се наборите под пазувот кои се прават кога носите фустан без ракави, така наречено „вагина на пазувот“.

Прва за тоа јавно прозбори Џенифер Лоренс уште во 2014 година, а сега својата ја објавила и актерката Кејт Бекинсејл и напишала: „Изгледа дека треба да станете многу рано за да претркате друга жена со старата добра „вагина под мишка“.

Profimedia

„Знам дека имам набори околу пазувите, тоа е океј… Тоа е вагина под мишка“, се пошегувала Џенифер за време на едно интервју нан црвениот тепих и ете не денес, 4 години подоцна и сфаќаме дека сите ги имаме.

После Џенифер дури и познатиот интернет Урбан речник ја запишал и „вагина на пазув“ на својот список (armpit vagina).

„Оваа појава може да биде и кај релативно фит жени“, пишува, а веќе постојат и предвидувања дека отстранувањето на масните наслаги под раката ќе биде хит естетска операција во пластичната хирургија.

Според зборовите на популарната холивудска стилистка Ребека Корбин Муреј, „вагина на пазув“ прави анксиозност и им прави стрес на бројни женски ѕвезди.

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....