10.8 C
Скопје
02:00 - 24 април, 2024

Доживеа срцев удар: Почина познатиот уметник кој стои зад стриповите „Астерикс и Обеликс“

Легендарниот француски уметник и цртач на стипови, Алберт Удерзо, кој е автор на познатите „Астерикс и Обеликс“, почина денеска на 92-годишна возраст.

„Астерикс и Обеликс“ се едни од најпродаваните стрипови на светот, а Удерзо почина како резултат на срцев удар.

„Алберт Удерзо почина во сон во својот дом од срцев удар кој не е поврзан со коронавирусот. Веќе неколку недели се чувствуваше многу исцрпено и изморено“, рече неговиот зет за АФП.

Стрипот за првпат се појави во 1959 година во француско-белгиското списание „Пилот“, а Удерзо продолжи да го прави и по смртта на својот партнер Рене Госини во 1977 година.

Стрипот, сега со нови сопственици, и натаму излегува и ги освојува обожавателите ширум светот.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....