10.8 C
Скопје
22:39 - 19 април, 2024

Домати во тегла, Пиперки во младо сирење: Традиционални македонски рецепти за зимница

Ста­ри­те традицио­нал­ни ма­ке­дон­ски ре­цеп­ти кои има­ат дол­го­го­диш­на ис­то­ри­ја на нив­на под­го­товка, има­ат не­за­бо­ра­вен вкус за кој на­вис­ти­на вре­ди да се пот­ру­ди­ме за да мо­же­ме за­ед­но со нај­блис­ки­те да ужи­ва­ме во те­кот на зим­ски­от пе­риод.

До­ма­ти во тегла

Овој ре­цепт се под­гот­ву­ва тег­ла по тегла. На­ве­де­ни­те сос­тој­ки се од­не­су­ва­ат са­мо за пол­не­ње на ед­на тегла.

Пот­реб­ни сос­тојки:

8 до­мати

1 ла­жич­ка сол

1 ла­жич­ка ше­ќер

1 ла­жи­ца до­мат­но салца

Под­го­товка:

Пред да за­поч­не­те со под­го­тов­ка­та на овој ре­цепт кој обич­но се кон­су­ми­ра со тес­те­ни­ни или пак ка­ко до­да­ток на не­ко­ја манџа, ис­клу­чи­тел­но важ­но е пок­рај вас да има­те ве­ќе под­гот­ве­ни тег­ли кои се чис­ти и прет­ход­но за­топ­лени.

По­тоа, во тен­џе­ре на оган ста­ве­те по­го­ле­мо ко­ли­чес­тво на во­да да зов­рие. До­де­ка че­ка­те во­да­та да ја дос­тиг­не по­са­ку­ва­на­та тем­пе­ра­тура, во под­ла­бок сад, ста­ве­те ги из­ми­е­ни­те до­мати. От­ка­ко во­да­та ќе би­де до­вол­но врела, ис­ту­ре­те ја врз до­ма­ти­те и пок­риј­те ги со ка­пак. Оста­ве­те ги „по­па­ре­ните“ до­ма­ти да от­стојат та­ка нај­мал­ку два часа.

По­тоа тр­гне­те го ка­па­кот и ва­де­те ги до­ма­ти­те еден по еден. Тие ќе за­поч­нат да се лу­пат мно­гу лесно. Лушпа­та бук­вал­но са­ма­та ќе за­поч­не да им паѓа. Во се­ко­ја тег­ла ста­ве­те од до­ма­тите, мал­ку стег­не­те ги, да со­бе­ре што по­веќе.

Се­ко­ја тег­ла со до­ма­ти на­пол­не­те ја со вода. По­тоа во­да­та ис­ту­ре­те ја во не­кое тен­џер­че и за се­ко­ја тег­ла ста­ве­те од пот­реб­на­та ко­ли­чи­на сол, ше­ќер и салца. За­чи­не­те по вкус, ори­гано, сув бо­си­лек, би­бер, што са­кате. Уба­во из­ме­шај­те и со сме­са­та на­пол­не­те ги тег­лите.

На­ре­де­те ги тег­ли­те во тен­џе­ре и ста­ве­те ги на оган, да ва­рат от­при­ли­ка два­е­се­ти­на ми­нути.

Со ова по­ста­пката за под­го­тов­ка на до­ма­ти во тег­ла зав­ршува.

Пи­пер­ки во мла­до си­рење

Сос­тојки:

1 кг пи­пер­ки ба­бури

500 гр мла­до си­рење

2 л млеко

сол по желба

Под­го­товка:

Нај­првин ис­чис­те­те ги  пи­пер­ките, по­со­ле­те ги од внат­реш­на страна, па по­тоа исце­де­те ги од со­кот кој ќе го пуш­тат. Мла­до­то си­ре­ње из­дро­бе­те го со ви­луш­ка и по пот­ре­ба по­со­лете, па со не­го на­пол­не­те ги пи­пер­ки­те до по­ло­ви­на и ста­ве­те ги во са­дот во кој ќе стојат. Сва­ре­те го мле­ко­то со 1 ла­жи­ца сол, па до­де­ка е топло, пре­лиј­те ги пи­пер­ки­те и доб­ро зат­во­ре­те ги тег­ли­те кои сте ги на­пол­ниле. По  са­мо три не­дели, тег­ли­те пол­ни со пи­перки, мле­ко и мла­до си­ре­ње се под­гот­ве­ни за кон­су­ми­рање.

 

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....