10.8 C
Скопје
11:07 - 19 април, 2024

Директно од кујната на баба: Меки полнети мекици

Потребно е:

– 200 мл млака вода

– 300-350 гр брашно

– сол, малку шеќер

– малку квасец

Фил:

– 150 гр кашкавал

– 100 гр шунка

– малку кечап

Подготовка:

Заместе меко тесто и оставете го малку да отстои, па исукајте го на работната маса во форма на тенок правоаголник.

Сечете го на поголеми коцки па во секоја коцка ставете од кашкавалот, шунката и малку кечап.

Замотајте и добро притиснете од сите страни со цел филот да не истекува.

Оставете ги 10 минути да одморат и пржете ги во длабоко масло.

Вадете ги на салфети кои ќе го упијат вишокот маснотија.

Пријатно!

 

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....