13.8 C
Скопје
17:08 - 19 април, 2024

Џулија Робертс е веќе две децении во брак, но почетокот бил ужасен!

Бракот на американската актерка Џулија Робертс и нејзиниот сопруг Дени Модер важи за еден од најуспешните во Холивуд. Сепак, нивната приказна не била толку лесно на почетокот и може да послужи како одлично сценарио за некоја серија.

Кој е всушност сопругот на една од најпознатите актерки на светот?

Даниел Модер (51) е снимател кој е роден и израснат во Лос Анџелес. Кариерата ја започнал во Холивуд како асистент на продукција во акциониот филм „Кримизна плима“ од 1995 година. После тоа следело работа на хит филмовите како „Спајдермен 3“ и „Господин и госпоѓа Смит“, а соработката на телевизиската драма „Нормално срце“ му осигурала номинација за престижната награда ЕМИ.

Profimedia

Дени и Џулија се запознале на сетот на филмот „Мексиканец“ во 2000 година, но во тоа време и двајцата биле во врски. Таа се гледала со актерот Бенџамин Брет, а Даниел бил во брак со шминкерката Вера Стејмберг. Сепак хемијата помеѓу нив била неизбежна, па одлучиле да ги остават своите партнери. Во екот на разводот на Дени, Џулија била видена како пие кафе во маица на која напишала „a low Vera“ што таа објаснила дека е игра на зборови. Погрешно напишаниот збор „aloe vera“, требало да биде јасна порака за тогашната сопруга на нејзиниот љубовник која не се согласила лесно за разводот. Јавноста не била воодушевена со овој потег, па низ медиумите се појавиле коментари кои велеле дека американската миленичка сепак отишла предалеку.

View this post on Instagram

Hello☀️

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) on

Сепак, самата во неколку интервјуа подоцна признала дека во младоста била вистинско размазено детиште. Но, на тоа дошло крајот токму кога го запознала Дени. „Кога ќе размислам за тоа што на мојот живот му претставува смисла, тогаш тоа е тој. Сето тоа што е добро за мене, беше од него“, открила Џулија во разговор за Харперс Базар.

Profimedia

Во медиумите со години кружеле приказни дека актерката толку сакала да биде со Дени што на неговата поранешна сопруга спремно ѝ искеширала 150 илјади долари само за да се убрза процесот на развод. Сепак, освен со поранешната сопруга на нејзиниот сакан, актерката на почетокот од врската наишла и на проблеми со роднина. Нејзиниот свекор отишол толку далеку што, скршен од смртта на својата сопруга, ја обвинил Џулија дека ненамерно ја убила мајката на Дени, чие срце не можело да го издржи притисокот од разводот на нејзиниот син. По се изгледа дека тешките времиња се позади нив, а семејството денес е во добри односи.

View this post on Instagram

#FBF ? Oh so serious ?

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) on

За разлика од нивниот многу јавен почеток, остатокот од нивната врска тече далеку од очите на јавноста. Тие не сакаат да се експонираат премногу, а венчавката ја одржале во тајност на нејзиниот ранч во Ново Мексико после 2 години врска. Дел од нивната отсутност од јавниот живот лежи во тоа што на самиот почеток од врската, тие добиле негативни критики, па се дочекани на нож, а Џулија често била нарекувана растурачка на бракови и љубовница. Сепак, сопружниците докажале дека нивната љубов немала краток рок, па овој јули ќе прослават 18-годишнина од бракот во кој имаат и 3 деца. „Мислам дека сега сум посреќна него било кога. Во мирен дел од животот сум, а за огромен дел од тоа е заслужен мојот брак. Мојот сопруг Дени, навистина беше мојот светилник“, открила во една прилика актерката.

Слични објави

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо
Се вчитува....