8.8 C
Скопје
04:40 - 24 април, 2024

Џон Ленон го мразел најпознатиот хит на „Битлси“ (ВИДЕО)

„Let It Be“ е еден од најголемите хитови на Битлси и еден од најголемите хитови општо. Но, Џон Ленон оваа песна не можел да ја поднесе.

Зошто е така, фановите на ливерпулската четворка наведуваат многу причини. Но, факт е дека до тој момент членовите на бендот постојано се расправале, а Ленон подоцна го опишал тоа искуство како „живот во пекол“. Додека Ленон и Меккартни целиот живот имале креативни разлики (од кои произлегоа прекрасни работи), спротивните правци и вкусови во одредени моменти ги поврзувале повеќе од претходно. На Пол му било доста од експериментирањата на Џон, додека Ленон го нарекол стилот на Меккартни „музика за баби“, пишува „Ultimate Classic Rock“.

Затоа не ни било изненадување кога Ленон веднаш ја одбил идејата на својот колега кога во јануари 1969 година дошол во студиото со песната „Let It Be“. Пол рекол дека бил инспириран од сон во кој ја видел својата почината мајка, додека Ленон мислел како таа песна не одговара на стилот на бендот.

„Но, тоа беше Пол. Што да се каже? Тоа нема врска со Битлси. Не знам на што мислеше кога ја напиша песната“, рекол подоцна текстописецот Дејвид Шеф.

Според неговото мислење, Меккартни се обидел да ја „оживее магијата“ на еден друг класичен тон.

„Мислам дека го инспирираше песната „Bridge Over Troubled Waters“ од Сајмон и Гарфанкел. Мислам дека сакал да ја напише таа песна“

Можно е ова да не му се допаднало на Ленон. Сепак, друг извор вели дека му сметала референцата „Mother Mary“. Иако Меккартни инсистирал дека тоа се однесува на неговата мајка, Ленон, кој бил антирелигиски ориентиран, сметал дека се остава многу простор за интерпретација.

Кога Фил Спектор работел на завршницата за „Let It Be“ во 1970 година, тој додал аудио од потсмевливиот коментар на Ленон „And now, we’d like to do ‘Hark the Angels Come’ “ во песната „Dig It“, која била снимена непосредно пред „Let It Be“. Коментарот и понатака се смета како директна критика на Ленон за оваа песна.

Но, без разлика песната „Let It Be“ стана вечен хит. Во април 1970 година беше хит број еден на „Billboard hot 100“ листата, а се смета за една од најпознатите песни на 20 век.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....