14.8 C
Скопје
09:10 - 29 март, 2024

Џенифер Лопез во неверојатна форма за „Супербол“ (ФОТО)

Сè е подготвено на стадионот Хард Рок во Мајами: „Супербол“, најважната спортска манифестација, ќе се случува во недела, на 2 февруари. Како и обично, ќе има и спектакуларно музичко шоу. Оваа година протагонисти на сцената се Шакира и Џенифер Лопез.

Лопез на Инстаграм профилот ја покажа нејзината неверојатна атлетска форма. Пејачката и глумица, долго и напорно се подготвуваше за овој настан, за да биде во „топ“ издание.

Лопез (50) и Шакира (42) за настанот тренираа шест недели. На официјалното претставување на шоуто минатиот септември Џеј Ло рече: „тоа ќе биде експлозивно шоу“. Во последните месеци пејачката објави неколку детали од бекстејџот во кои се истакнува нејзината енергија и физичка подготвеност.

Инаку, Лопез во последните неколку години вежба исклучиво со личниот тренер Дејвид Кирш, кој неодамна изјави за „Њујорк пост“ –  „Џенифер никогаш не се откажува, многу е упорна. За време на тренингот таа е исклучително сконцентрирана и секогаш дава сè од себе. На 50 години има подобар тонус на мускулите од некои од моите 25 годишни клиентки “.

Пред некое време Кирш ја откри тајната на Џеј Ло на Инстаграм.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....