10.8 C
Скопје
10:24 - 23 април, 2024

ЏЕНИФЕР АНИСТОН НАПОЛНИ 51 ГОДИНА: Ѕвездата која го освои Холивуд тврди дека имала само една пластична операција! (ФОТО)

Познатата американска актерка Џенифер Анистон вчера наполни 51 година, а за нејзиниот приватен живот, во јавноста веќе со децении се зборува многу повеќе, отколку за нејзините професионални успеси.

Џенифер е ќерка на телевизискиот актер Џон Анистон, кој има грчко потекло, и неговата колешка Ненси Доу.

Славната холивудска ѕвезда е родена на 11 февруари, 1969 година во Лос Анџелес и до својата петта години повеќепати ги менувала државите во кои живеела.

Нејзиното семејсво поминало и една година во Грција.

Фото: Инстаграм

Талентот за глума прекрасната Џенифер го препознала на 11 години, кога се запишала во драмско училиште. Истовремено додека учела да слика, нејзините цртежи биле изложувани во музејот Метрополитен, а покрај тоа почнала да глуми и на Бродвеј.

Фото: Профимедиа

Анистон матурирала во Њујорк, во средно уметничко училиште, а во меѓувреме работела како курир и келнерка. Првата телевизиска улога ја доби во серијата „Molly“.

Актерката во една прилика откри дека правела пластична операција на носот, меѓутоа дека сè на неа е природно и дека ова го направила само од здравствени причини.

– Имав операција поради сериозна девијација на носот и би одела под нож единствено поради здравствени причини. Сè на мене и природно и имам за цел така и да остане во иднина. Како тинејџерка не мислев така. Ме нервираше тоа што за своите години имав преголеми гради и задник – изјави Џенифер во една прилика.

Фото: Профимедиа

Џенифер сакаше многу познати мажи, како актерите Џастин Теру, Тејт Донован и музичарите Џон Маер и Адам Дуриц, но нејзиното име и денеска најмногу се поврзува со нејзиниот прв сопруг, познатиот Бред Пит.

На професионален план, за Џенифер веќе знаеме сè, омилената глумица толкуваше улоги во драми, комедии, романси, а некои од нејзините најпознати улоги се во филмовите како „She’s the one“, „Love happens“, „We are the Millers“, „Horrible Bosses“, „Murder mystery“ и уште многу други.

Фото: Профимедиа

Од минатата година пак, Џенифер ја толкува главната улога во серијата „The morning show“, заедно со колешката Риз Витерспун, а нејзиното богатство се проценува на повеќе од 200 милиони американски долари, додека познато е дека Џенифер е голем обожавател на јога и карате.

Фото: Профимедиа

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....