11.8 C
Скопје
02:11 - 25 април, 2024

Дали ќе ја препознаете оваа пејачка на фотографијата?

Згодната Англичанка со потекло од Косово, која е многу поврзана со своето семејство, по повод Денот на жената објави неколку фотографии од минатото кои ги разнежнија нејзините фанови.

На првата фотографија е малата Дуа со мајка си Анеса и помладата сестра Рина, а на другата позира со мајка си во прегратка.

Третата фотографија ги покажува девојките од семејството Липа.

„Охрабрувајте, сакајте, поддржувајте ги, верувајте… Среќен меѓународен ден на жената!“, напиша талентираната пејачка, која освен сестрата има и помлад брат по име Џин.

За својот успех секогаш ја истакнува и улогата на своите родители, Дукаџин и Анеса кои во 1992 година поради војната во поранешна Југославија, од Косово се преселиле во Лондон.

Дукаџин долго време работел како келнер во кафулиња и барови. Но, навечер одел на деловни курсеви, додека мајка ѝ се пренасочила кон туризамот и патувањата.

„Мојот татко секогаш вели дека е потребно напорно да се работи, навистина напорно да се работи и да се има малку среќа. Растејќи, правејќи музика и гледајќи поп-ѕвезди на ТВ, се чувствував лудо како лик од цртан филм. Потполно неверојатно и нереално. Но, од родителите научив дека за се треба напорно да се работи, па можеби соновите ќе се реализираат“, откриј пејачката во една прилика.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....