14:05 - 19 април, 2024

Бритни Спирс за прв пат во јавноста после скандалот со синот: Пејачката критикувана поради неуредниот изглед! (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс (38), која последните година дена се наоѓа во тешки животни околности, беше сликана прв пат откако нејзиниот син направи општ хаос со неговата објава на Инстаграм.

Всушност, веќе неколку години се шпекулира за животот на Бритни Спирс, а најновите озборувања ги започна токму 13-годишниот Џејден Федерлајн, синот на популарната музичка ѕвезда.

Profimedia

„Што се случува со мојата мајка? Ќе ви ја раскажам целата приказна за неа кога ќе ме заследат 5.000 луѓе на Инстаграм. Како што ќе станувам попопуларен, така ќе откривам се повеќе детали за Бритни“, објасни Џејден и откри дека неговата мајка не работи на нови песни, како и дека му најавила дека е „можно да престане да пее“.

Освен тоа, својот татко Кевин Федерлајн го според со Исус, истакна дека му се допаѓа момчето на Бритни, како и дека неговиот дедо, таткото на Бритни Спирс, не е добар човек и дека може да исчезне.

Profimedia

Бритни сега за прв пат после објавата на нејзиниот син, беше сликана на некое јавно место.

Папараците ја забележале кога со 13 години помладото момче Сем Ашгари стигна во луксузниот резорт во Санта Барбара. Во рацете таа носеше книга, телефон и „резервни“ наочари за сонце, а беше облечена во цветен летен фустан со длабоко деколте, па откри малку повеќе.

На нозете таа носеше рамни, ортопедски папучи, а вниманието го одземаа нејзините отчени нозе и несредени пети. Таа имаше потполно опуштена фризура, а ѝ беше одлично расположена самата пејачка.

Profimedia

Дали некогаш најпопуларната поп-ѕвезда ќе објави слики од одморот на кој ќе ужива со своето момче, далеку од проблемите и останатите работи, останува да видиме.

Слични објави

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо
Се вчитува....