11.8 C
Скопје
13:33 - 25 април, 2024

Британска пејачка сними спот во синиот воз на Тито – Погледнете како тоа изгледа! (ВИДЕО)

Британската пејачка Џесика Вер (35), објави спот кој е снимен во Белград и тоа во синиот воз на некогашниот лидер на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Спотот е наменет за песната „Spotlight“, која се наоѓа на нејзиниот најнов албум – „What’s your pleasure“.

Пејачката преку Инстаграм ги извести своите обожаватели дека спотот е објавен.

View this post on Instagram

Tomorrow. Spotlight.

A post shared by Jessie Ware (@jessieware) on

„Играјте, играјте, играјте и научете ги потезите, а потоа играјте со мене на моите настапи“, напиша Џесика на Инстаграм.

Пејачката ја искористи оваа прилика да му заблагодари и на тимот од Белград, кој учествуваше во овој спот.

Инаку, со синиот воз, Тито се возеше од 1959 до 1980 година, а со него помина повеќе од 600.000 километри.

Покрај Тито, во возот се превезуваа повеќе од 60 странски државници и делегации, а една од патничките беше и британската кралица Елизабета Втора.

Она што е посебно интересно е дека во возот сѐ е автентично онака како што било во 1959 година, кога тој тргнал на своето прво патување.

Токму со синиот воз е пренесено и телото на Тито по неговата смрт во 1980 година, од Љубљана во Белград.

Слични објави

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо
Се вчитува....