7.8 C
Скопје
03:30 - 20 април, 2024

Бред Пит и Џенифер Анистон планираат венчавка во Мексико!

После средбата на актерите Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (56) на доделувањето на овогодинешните САГА награди , тие сега наводно планираат романтична венчавка во Мексико.

Поминаа 15 години од разводот на Бред Пит и Џенифер Анистон, еден од омилените холивудски парови чија љубов и денес многумина не можат да ја заборават и го сакаат нивното смирување.

Нивните обожаватели беа пресреќни кога започнаа озборувањата за нивно смирување, посебно откако се сретнаа во Лос Анџелес, а нивните насмевки и допири ги забележаа камерите на присутните фоторепортери.

profimedia
Фото: Профимедиа

Еден од блиските пријатели на актерите за „The Mirror“ откри дека пред фамозната средба на црвениот тепих, тие уживале на најмалку 5 тајни состаноци и заедно ги поминале Божиќните празници во домот на Џенифер.

„Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако ѝ го скрши срцето и ја остави поради Анџелина Џоли. Требаше многу време да му прости сè, а простувањето е голем чекор за сè да продолжи понатаму“, откри близок пријател.

Според пишувањата на „Life&Style“ парот се спрема својата љубов повторно да ја потврди со венчавка и тоа на една плажа во мексиканскиот Кабу.

„Бред сега најмногу сака да се скраси и да живее среќно со својата сродна душа Џенифер“, изјави изворот.

Profimedia

Според пишувањата на магазинот, неговите родители се воодушевени од одлуката и очекуваат дека на денот на венчавката ќе имаат голема улога, заедно со најдобрата пријателка на Џенифер, Кортни Кокс и пријателот на Бред, Бредли Купер.

„Сакаат сè да биде романтично и убаво. Венчавката ќе биде духовна и самите ќе ги напишат своите завети“, откри изворот и даде нова надеж за сите оние кои веруваат во смирувањето на своите омилени актери.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....