19.8 C
Скопје
13:38 - 24 април, 2024

Беше голем како фудбалер, а уште поголем како човек: Дејвид Бекам изненади старец болен од карцином! (ВИДЕО)

Дејвид Робертс (70) бил изненаден кога го видел славниот фудбалер Дејвид Бекам во својата градина во понеделникот по католичкиот Велигден со торба полна со продукти.

Тој откри дека му најавиле дека славна личност ќе го посети, но рече дека не очекува тоа да биде легендарна фудбалска sвезда како Бекам.

Посетата всушност била дел од добротворната кампања организирана од „Ејџ Велика Британија“, фондацијата оформена да им помогне на пензионерите.

– Дејвид пристигна навреме. Сè што можев да помислам и да му кажам беше: Здраво, како си?”, Робертс изјави за „Оксфорд Мејл“.

„Тој е добар човек. Разговаравме за тоа што ќе се случи со фудбалските сезони на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Тој ми даде торба со средства за домаќинството”, додаде тој.

Дејвид Робертс се бори со рак веќе три години. Живее во Абингдон со својата сопруга и возрасниот син и признава дека и тие заслужуваат посебна посета затоа што многу му помогнале за време на неговата битка со болеста.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо

Шокантна изјава на Канје Вест: Со оваа славна жена сака да има тројка

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо
Се вчитува....