10.8 C
Скопје
06:26 - 25 април, 2024

Аца Лукас „смува“ Хрватка! Оваа убавица му се „пуштила“ на пејачот на Инстаграм, а погледнете како ја почнале романсата! (ФОТО)

Аца Лукас (51) ја „смувал“ хрватската манекенка и фото-модел Бригита Алиловиќ (42), дознава српски „Информер“.

Фолк-ѕвездата и атрактивната црнка ја започнале врската пред месец дена, а се запознале преку Инстаграм.

Бригита живее во Германија, а Аца секој слободен момент го користи да отпатува кај неа.

Фото: Инстаграм

– Бригита живее во Гришхајм, а Аца првпат ја видел кога таа дошла со нејзините другарки на негов настап во Штутгарт. Тогаш не се запознале, но набрзо му пишала на Инстаграм. Го замолила да сними честитка за роденден на нејзината другарка, која го обожава. Аца прифатил, па така продолжиле со допишување, а многу набрзо се договориле да одат на состанок. Штом се виделе сфатиле дека помеѓу нив има искри. Лукас ми кажа дека одма паднал на нејзината убавина – открил изворот за „Информер“ и додал дека атрактивната манекенка веќе го запознала пејачот со нејзиното семејство.

Исто така Бригитат го запознала Аца и со нејзиниот син, а тој ветил дека наскоро ќе ги собере сите негови деца во Белград за да ја запознаат неговата избраничка.

Фото: Инстаграм

Аца и Бригита се тотално различни, но сепак се привлекуваат.

– Додека Аца по цел ден спие, а ноќе излегува и пие, таа има многу организиран живот. Станува рано, води сметка за исхраната и оди во теретана. Меѓутоа, си одговараат еден со друг. Кога се заедно постојано се смеат, а богами некогаш и по цел ден не стануваат од креветот – раскажал соговорникот.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо
Се вчитува....