8.8 C
Скопје
09:16 - 19 април, 2024

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер имаат причина за славење и покрај самоизолацијата! (ФОТО)

Instagram

Иако моментално се наоѓаат во самоизолација, како и повеќето познати личности, некогаш најдобрата српска тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер во кругот на семејството го прославија роденденот на нивниот син Лука. Иако приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, со едноставна фотографија и порака покажаа дека во овие тешки времиња има и место за славење. Славниот пар со своите следбеници на Инстаграм сподели  среќен момент од својот живот.

„Среќен роденден љубов наша“, напишаа Ана и Бастијан на своите инстаграм-профили честитајќи го вториот роденден на Лука, а набргу после објавата започнаа да пристигаат бројни честитки кон парот кој за момент го тргнаа вниманието од лошите вести и расположија многумина.

View this post on Instagram

Happy birthday our love ❤️????

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) on

Сепак, не е возможно да се игнорира тешката ситуација која го зафати скоро цел свет, па Ана и Бастијан се придружија на бројните славни личности и ги повикаа своите следбеници да внимаваат на себе и сите околу нив.

„Во овие времиња е важно да водиме сметка за себе и саканите, но и да имаме почит спрема своите соседи. Да останеме на сигурно сега мора да е приоритет. Поради тоа е важно да се однесуваме одговорно и да ги слушаме советите на стручните лица“, напишаа во заеднички потпишаната порака и додадоа дека сите сме одговорни за постарите и болните кои не смеат да бидат изложени на дополнителна опасност.

View this post on Instagram

Take care of yourself and stay healthy!

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) on

„Би сакале да ја искористиме оваа можност да се заблагодариме на сите кои помогнаа и на сите лекари кои беа изложени на ризик за да направат се што е во нивната моќ како цел да ги пребродиме овие тешки времиња“, нагласи познатиот пар.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо
Се вчитува....