9.8 C
Скопје
06:03 - 24 април, 2024

Александра Пријовиќ го крштева синот: На бебето му отвориле сметка во банка, позната е и сумата што ја издвоиле

Пред малку повеќе од една година Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ станаа родители на момче на кое му го дадоа името Александар. Тие не го кријат одушевувањето од најмладиот член во семејството, а пејачката во повеќе наврати истакна дека синот ѝ го променил животот.

Александра се породи на 6 март минатата година, но тие одлучија крштевката и првиот роденден на својот наследник да го прослават денеска, на 11 март. Александар ќе го крсти венчаниот кум на Александра и Филип, Ацо Пејовиќ.

По крштевањето прославата требаше да биде во еден елитен хотел во Белград. На свеченоста беа поканети околу 200 гости, но Александра и Филип ги послушаа апелите кои секојдневно ги упатуваат здравствените организации за превенција од коронавирусот и ја откажаа прославата.

„Драги пријатели, имајќи ја предвид загриженоста која владее и ризикот од ширењето на вирусот на поголеми собири, нашето семејство одлучи од превентивни причини да ја одложи прославата на роденденот на Александар. За новиот термин дополнително ќе ве известиме“, гласела пораката која семејството Живојиновиќ им ја пратило на своите пријатели.

Александра и Филип како подарок на својот син му отвориле сметка во банка и на неа уплатиле 30.000 евра, а како што велат планираат да продолжат да уплаќаат пари кои нивниот наследник ќе може да ги користи кога ќе стане полнолетен, пишуваат српските медиуми.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....