10.8 C
Скопје
05:44 - 25 април, 2024

Актерот платил 9.116 долари за корона-тест, па поради чудни причини одбиле да му ги дадат резултатите!

Даниел Њуман (38) платил да се тестира од коронавирус, бидејќи дознал дека бил во контакт со заразена личност.

Меѓутоа, актерот кој се прослави во остварувањето „Опкружен со мртовци“, доживеа се само не тоа што очекуваше, бидејќи како што објави, одбиле да му ги дадат резултатите.

Како што објавил, актерот за тестирањето платил 9.116 долари, односно 8.400 евра.

– Бев во Австралија каде сум бил во контакт со заразени луѓе. Наскоро после тоа добив некои симптоми – кажал тој, кој веднаш по доаѓањето во Америка се јавил во болница и центарот за итна нега, но од таму никој не му се јавувал.

– Дури по неколку обиди ми се јави една итна служба која потврди дека моите симптоми се слични како на коронавирусот – споделил со следбениците.

Како што навел, тестирањето морал да го плати сам.

– Откако се тестирав и платив преголема сума, ми кажаа дека владата не дозволува да се обработат моите тестови, бидејќи имам благи симптоми. Ми кажаа дека не се подготвени да прават тестови и на луѓе со тешки симптоми, тестови на стари лица и оние кои биле во странство – ги известил Њуман обожавателите и испратил фотографија од болница.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....