7.8 C
Скопје
01:33 - 29 март, 2024

Афера се откри пред камерите: Поранешната жена на Чарли Шин го изневери сопругот со колешка!

Американската актерка Дениз Ричардс (49), која е најпозната по бракот со актерот Чарли Шин (54), наводно имала афера со колешка од едно шоу.

Дениз Ричардс го изневерила својот сопруг Арон Фиперс (47) со Бренди Гланвил (47), колешка од шоуто „Real Housewives“.

Според пишувањата на британските таблоиди, во наредната сезона ќе биде откриена аферата на актерката со Бренди.

Тие тврдат дека Дениз имала афера со колешката неколку месеци и ѝ велела дека има отворен брак со својот сопруг.

„Лажеше. Тоа воопшто не беше вистината и таа ја повреди Бренди, но и својот сопруг Арон“, раскажа изворот.

Дениз токму поради аферата која излезе на виделина, престана со своето учество во шоуто.

Всушност, актерката се вознемирила поради сето тоа и расплакала на сетот, па признала дека аферата со Бренди ќе ѝ го уништи семејството.

Инаку, Дениз е позната по турбулентниот однос со поранешниот сопруг, актерот Чарли Шин со кого има и деца.

Тие се венчаа во 2002 година, а се разведоа 4 години подоцна.

Нивниот развод беше мачен и Ричардс побара забрана за пристап поради смртни закани.

Актерката тогаш го нарече актерот „педофил“, а тој неа „невработена и неталентирана свиња“.

Таа го обвини и за многубројни измами и зависност од алкохол и коцкање. Двајцата беа наречени „ужасни родители“, а Чарли не ја поштеди ниту нејзината болна мајка.

На парот му следуваа и борби на суд поради старателство над ќерките и скандалите на Чарли, но во 2012 година и двајцата признаа дека ги „закопале секирите во мед“.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....