8.8 C
Скопје
01:09 - 20 април, 2024

Сите знаеме за велигденските јајца и зајакот, но овие работи за Велигден сигурно не сте ги знаеле

За Велигден се врзуваат многу обичаи, традиции и необични верувања, кои се разликуваат меѓу земјите ширум светот. Така, меѓу приказните за велигденските јајца, велигденските симболи и игрите, има и некои кои можеби не сте ги знаеле.

Во Средиот век една од велигденските традиции се нарекувала фестивал на фрлање јајца. По завршувањето на велигденската миса свештеникот прв би фрлил велигденско јајце на момче од хорот, кој потоа би го фрлал на наредното и тој на наредното и се така во круг додека стреликите на часовникот не дојдат до бројот 12. Детето во чии раце било јајцето во 12 часот, било победник.

Французите го одбележуваат Велигден со омлет кој е важен дел од нивниот велигденски појадок. Во градот Хаукс секој Велигденски понеделник граѓаните носат јајца на главниот плоштад, каде што во огромна тава подготвуваат голема кајгана која подоцна ја јадат. Во просек секоја година се носат околу 12.000 јајца од кои се прави голем омлет.

Велигден е празник кој во светот држи рекорд по број за изедени слатки. Во западните земји, особено во САД, за време на Велигден се јадат најголем број на слатки, меѓу кои 90 милиони чоколадни зајаци и 91,4 милијарди чоколадни јајца.

На Велигден Норвежаните решаваат убиства. Така на телевизија и во весниците се појавуваат криминалистички и детективски приказни во кои се открива дека некои ликови починале, а на картоните од млеко отпечатени се приказни за нерешени убиства.

Норвежаните и Данците на Голема сабота во џебовите носат парчиња бесквасен леб замотан во бела ткаенина, која ја јадат на полноќ, а тој обичај потекнува од Викинзите, кои истото го правеле со зимзелените бобинки кои го симболизирале вечниот живот.

Белгијците веруваат дека велигденските јајца „ги носат камбаните од Рим“. Поради тоа на Голема сабота камбаните во нивните цркви не ѕвонат, затоа што „отишле во Рим”.

На италијанскиот остров Лампедуза на Велигден се забораваат сите кавги и недоразбирања, граѓаните меѓу себе се смируваат и се извинуваат ако со некого останале во лош однос.

Првото чоколадно јајце датира  од 19 век, а потекнува од Европа.

Во Соединетите Американски Држави постои традиција на трчање и тркалање на велигденските јајца на ливадата пред прецедателската Бела куќа во Вашингтон. Таа се одржува на Велигденскиот понеделник, а првата таква трка одржана е во 1878 година под покровителство на американскиот претседател.

Најголемото чоколадно јајце направено е во Италија во 2011 година. Неговата висина изнесувала 10 метри, а тежело дури седум тони, што значи дека тежело повеќе од еден просечен слон.

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....