9.8 C
Скопје
10:40 - 19 април, 2024

Трикови со чија помош вашата гардероба секогаш ќе биде свежа и миризлива

Сите ние го сакаме мирисот на свежо испраната облека, но за жал, тој не трае долго. Доволно е само облеката да стои малку подолго во гардероберот и мирисот од омекнувачот набрзо ќе исчезне. Но, со овие трикови ќе овозможите мирисот да трае многу подолго.

1. Перете ги алиштата после едно носење

Не е некоја голема мудрост. Облеката треба да ја переме почесто, односно после секое носење, ако сакаме таа да биде свежа и миризлива. Сепак, исклучок се фармерките. Експертите нѐ советуваат дека нив не треба да ги переме често, бидејќи така тие брзо се уништуваат. Исперете ги откако ќе ги носите 2-3 пати.

2. Валканите алишта треба да ги исперете што е можно побрзо

Облеката исперете ја веднаш после носењето. Никако немојте да дозволите да стои со недели во корпата за валкана облека.

3. Изберете миризлив детергент за алишта

Детергентот за перење алишта е многу важен фактор за квалитетното перење и убавата миризба. Детергентите се разликуваат, но секој има свој фаворит. Исто така, пронајдете и свој омилен омекнувач за алишта кој ќе направи алиштата да мирисаат прекрасно.

4. Нанесете лосион за тело пред облекувањето

Ако непосредно пред облекувањето на телото нанесете миризлив лосион, вашата облека ќе го задржи тој мирис и во наредните денови. Вреди да се испроба!

5. Пронајдете го својот парфем

Постојат жени кои имаат свој омилен парфем и секогаш го нанесуваат истиот мирис, а тој им дава посебен печат. Ако секогаш нанесувате ист парфем, ќе станете препознатливи по него секогаш кога ќе влезете во просторијата.

6. Правилно нанесете го парфемот

Ако веќе сте го пронашле својот совршен мирис, тогаш треба да знаете како правилно да го нанесете. После нанесувањето парфем на клучните точки, напрскајте во воздухот и поминете под замислениот облак од парфем. Немојте да прскате од парфемот директно на вашата облека, бидејќи тоа може да создаде дамки. Дури и кога парфемот ќе престане да се чувствува на вашата кожа, вашата облека и понатаму ќе мириса убаво.

7. Држете го гардероберот отворен

Гардероберите понекогаш имаат чудни мириси, посебно во лето. Затоа е важно редовно да се проветруваат, а почесто во летните месеци. Исто така, во гардероберот можете да ставите миризливи вреќички кои може да ги пронајдете во маркетите.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ позираше во вежбална: Водителката ја покажа долната облека

Еспресо

„Жал ми е за секој развод, некогаш е неизбежен“: Мелина експресно раскрсти со Харис Џиновиќ

Еспресо

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Јована Јеремиќ „удри“ по колешката Јована Јоксимовиќ: „Ги малтретира вработените, нека ја покаже дипломата!“

еспресо

Астропрогноза за среда, 20 март: За Девиците – тест, за Стрелците пријатно изненадување

еспресо
Се вчитува....