11.8 C
Скопје
21:46 - 28 март, 2024

Шест неочекувани бенефити од „задоцнетото“ мајчинство

Со добар гинеколог и редовни консултации со лекар, мајчинството по 35-тата година од животот може да има доста бенефити и предности, како за вас така и за бебето.

Точно е дека бременоста во „поодминати“ години носи и ризици, доколку редовно се прегледувате и ги контролирате параметрите, тогаш можете да имате лесна бременост и да донесете на свет здраво дете, без да го загрозите своето здравје.

Ова се шесте предности на таканареченото задоцнето мајчинство:

Потрезвено размислувате

На возраст од 35 години и нагоре, вие сте веќе целосно самостојна личност со големо искуство зад себе. Тоа значи дека полесно ќе се носите со предизвикот на родителството и ќе знаете поразумно и помалку импулсивно да носите одлуки. Се верува дека и децата на повозрасни родители имаат поизострено памтење.

Детето помалку ќе се повредува

Со самото тоа што ќе знаете како да постапите и да се однесувате, така и ќе бидете доста повнимателни со тоа каде го пуштате детето да си игра.

Емотивно сте поподготвени

Со возраста, доаѓа и поголема емотивна стабилност, а со тоа и повозрасните мајки доживуваат помал „ролеркостер“ на емоции со раѓањето на детето. Тоа влијае позитивно и врз психосоцијалниот развој на самото дете.

Детето може да биде исклучително паметно

Постојат статистички податоци кои покажуваат дека децата на повозрасните родители, особено повозрасни мајки, подобро разбираат технологија, математика и физика.

Финансиски сте постабилни

На таа возраст веројатно веќе имате богата кариера зад себе и стабилна работа. Веќе сте вложиле во својата кариера, па помали се шансите да се соочувате со сериозни финансиски проблеми.

Ќе живеете подолго

Можеби во текот на бременоста ќе се плашите дека бебето ќе ви ја исцрпи енергијата, всушност ќе ве подмлади. Среќата го продолжува животот и ќе ве направи поенергични.

Слични објави

Јована Јеремиќ „удри“ по колешката Јована Јоксимовиќ: „Ги малтретира вработените, нека ја покаже дипломата!“

еспресо

Астропрогноза за среда, 20 март: За Девиците – тест, за Стрелците пријатно изненадување

еспресо

Петар Грашо со втор концерт во Скопје

Еспресо

Астро прогноза за петок, 16 февруари: Возбуда за Биковите, интересен ден за Водолиите

Еспресо

(Видео) Бака Прасе ја изненади девојката со подарок вреден колку еден стан во Белград: Ќе вози автомобил од 100.000 евра

Еспресо

(Фото) Хаос во емисијата „Амиџи шоу“: Венди го удирала Десингерица, се туркале и врескале еден на друг

Еспресо
Се вчитува....