Сакате успешни деца? Престанете да ги решавате нивните проблеми

Со години целиот концепт на родителството се темелеше на „идејата за овозможување“ и константното трчкање околу децата за да сме сигурни дека имаат се што им е потребно, па дури и повеќе од тоа.

Нормално, како што знаеме, тоа во младите години им помага да станат независни учејќи од постапките на родителот, но како децата растат, родителите и понатака се во искушение секогаш да им бидат при рака и на било кој начин да им го олеснат секојдневниот живот.

Новите истражувања сугерираат дека за што поздраво растење пожелно е родителите само од далечина да го гледаат созревањето и растењето на своите деца и да им помагаат кога тоа е потребно.

Наместо тоа, и понатака постои таканаречениот „родител косилка“, родител кој се обидува да ги реши сите идни проблеми на своите деца, да им го изгради патот што полесно да пронајдат работа, едноставно го „коси“ патот пред нив. Тие работат се за патот на растење на нивните деца да биде што полесен, понежен и без големи препреки.

Но, таквиот начин на родителство е лоша идеја.

Важно е децата да ги научите каков е вистинскиот свет и како тој всушност функционира и дека нема секогаш да биде едноставно и онака како што замислиле. Кога еднаш ќе бидат вработени, мораат да бидат свесни дека шефовите нема секогаш да имаат разбирање и дека ќе мораат да се потрудат многу повеќе за нешто да постигнат. Потребно е да научат да се носат со неуспехот и да знаат да ги решаваат проблемите сами, бидејќи и вие нема вечно да бидете покрај нив.

Кога, имено, на своите деца им ги отстранувате сите препреки од реалниот свет, не им правите услуга бидејќи така нема да научат да се носат со проблемите во реалниот живот, не учат како да истрајат во неуспехот, ниту како да ги преминат предизвиците со кои можат да се сретнат на работното место.

Слични објави

Ова е само меѓу вас: Брачни тајни што не се откриваат никому!

Васко Спасоски

Многу ви опаѓа косата? Без грижа, имаме решение!

Igor

Имала повеќе од 100 љубовници, а еден ден по породувањето сакала да се убие: Фаталната Брижит Бардо (ФОТО)

Igor

Неверојатно вкусен мус од кафе

Igor

Зошто секој ден треба да го чистите лицето со јаболков оцет?

Igor

Сакате да ја промените бојата на косата: Овие 5 нијанси ќе бидат апсолутен хит оваа есен! (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

тринаесет − оне =

Слични објави

Без хемикалии: Супер трик со чија помош вашата рерна ќе блеска (ВИДЕО)

Igor

Сите го обожаваа, заработуваше по 350 илјади долари за епизода, но поради верата се откажа од актерството (ФОТО)

Igor

Направете сами домашен Нутела сладолед (РЕЦЕПТ)

Igor

Двете се прекрасни и неверојатно си личат: Ќерката на Жизел Бундхен копија на мама! (ФОТО)

Igor

Внуката на ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА изгледа преубаво и е во врска со 33 години постар милионер

Igor

Сезона на јасмин: Природен лек за добар на сон

Igor