Мали совети за секогаш чиста и убаво уредена бања

Бањата треба да биде нашата оаза на мирот, а не мачно место кое постојано треба да се чисти… Еве како да си ги скратите маките и да ја направите бањата попријатно место.

1. Намачкајте го огледалото со пена за бричење – И потоа добро избришете го. Така можете да заборавите на неговото замаглување, а по 3 недели повторете ја постапката.

2. Најдете место за полица – Полицата е одличен начин да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење и сл. Поставете ја над вратата – за максимално да го искористите просторот.

3. Исчистете ги чешмата и тушот на природен начин – Aко мислите дека чешмата или тушот имаат слаб притисок, веројатно се собрал бигор во мрежичката. За да го решите тој проблем, наполнете најлонска кеса со алкохолен оцет и со помош на ластиче прицврстете ја за чешмата или тушот и оставете ја преку ноќ. Оцетот ќе го стопи бигорот.

4. Закачете корпички на шипката од завесата на кадата – Ако ви е потребно повеќе место за чување на работите во бањата, закачете корпи на шипката од завесата. Тие нема да ви сметаат, а тоа е особено добра идеја доколку повеќе луѓе ја користат бањата – така секој ќе има место за своите работи.

5. Направете звучник од лавабото – Ако сакате да се капете и да слушате музика, а немате звучници во купатило, едноставно ставете го вашиот телефон или некој друг музички уред во лавабото и така звукот ќе се засили. Секако пазете да го не изводените.

6. Секогаш имајте озонер во бањата – Имајте озонер со пријатен мирис, не избирајте силни мириси, нека бидат тоа благи мириси кои потсетуваат на топол дом и топла атмосфера.

7. Додадете цвеќе во бањата – Тоа неверојатно ќе ја подобри атмосферата, мала саксија со цвеќе на некоја поличка. Препорачливо е да е пластично доколку во бањата немате природна светлина.

Слични објави

Белите дробови на пушачите се полни со отрови: Исфрлете ги токсините со помош на овој егзотичен зачин

Igor

Зошто би требало да направиме 10.000 чекори дневно?

Igor

Анксиозни сте? Причината може да е недостаток на ОВОЈ витамин

Igor

Одличен сок за слабеење

Igor

Билка која лекува се

Igor

Како да препознаете чист природен мед?

Igor

Остави Коментар

четиринаесет − седум =

Слични објави

Повреди кои може да ги предизвика долгото кашлање

Igor

За што се можете да го употребувате шампонот за коса?

Igor

Шест неочекувани бенефити од „задоцнетото“ мајчинство

Igor

Идеална фризура за летните денови: Репче на поинаков начин (ФОТО)

Igor

Анксиозни сте? Причината може да е недостаток на ОВОЈ витамин

Igor

Останете здрави, дури и ако премногу часови ги работите седејќи

Igor