11.8 C
Скопје
21:09 - 28 март, 2024

Како најлесно да ја исчистите вашата микробранова со помош на лимон?

Ви треба брз, лесен и евтин начин да ја исчистите вашата микробранова печка од мрснотиите? Тогаш одговорот лежи во чудесниот лимон. Се што ви треба е половина лимон и 300 милилитри вода, а постапката е многу едноставна.

1. Во еден сад ставете ја водата и исцедете половина лимон и додадете го и самиот лимон. Убаво измешајте.

2. Потоа садот ставете го во микробрановата печка и пуштете ја на најсилно.

3. Наместете ја да работи 5-10 минути.

Откако ќе пројде времето, ќе забележите дека благодарение на пареата, мрснотијата од ѕидовите на микробрановата е стопена. Потоа, земете памучна крпа и целосно пребришете ја внатрешноста на микробрановата печка. Брзо, лесно и едноставно, веќе имате комплетно чиста микробранова печка, која притоа има и освежителен лимонов мирис.

Слични објави

Јована Јеремиќ „удри“ по колешката Јована Јоксимовиќ: „Ги малтретира вработените, нека ја покаже дипломата!“

еспресо

Астропрогноза за среда, 20 март: За Девиците – тест, за Стрелците пријатно изненадување

еспресо

Петар Грашо со втор концерт во Скопје

Еспресо

Астро прогноза за петок, 16 февруари: Возбуда за Биковите, интересен ден за Водолиите

Еспресо

(Видео) Бака Прасе ја изненади девојката со подарок вреден колку еден стан во Белград: Ќе вози автомобил од 100.000 евра

Еспресо

(Фото) Хаос во емисијата „Амиџи шоу“: Венди го удирала Десингерица, се туркале и врескале еден на друг

Еспресо
Се вчитува....