4.8 C
Скопје
01:20 - 19 април, 2024

Откриен начинот како пената на пивото да трае до последната голтка!

Научниците со нова техника успеале да ја „пресликаат“ пената, а тоа сега може да го применат и на пивото – со цел да се направи совршена пена на врвот од криглата која би стоела се до последната голтка.

Неодамна научници од Универзитетот во Манчестер објавиле дека откриле кои се најстабилните начини да се направи пена во напитоците, поради што се надеваат на „поквалитетни и постојани“ пени во се што се пени, од напитоци како кафе со млеко и пиво, па шампони и пена за гасење на пожар, се до пена која се користи за спречување на еколошки катастрофи.

„Со децении научниците се обидувале да пронајдат начин како најдобро може да се контролира животниот век и стабилност на пената направена од течности кои содржат повеќе врсти на адитиви“ објаснил за британскиот Sun водителот на истражувањето за пени од универзитетот во Манчестер, доктор Ричард Кембл.

Тој вели дека во некои производи се користат ултра стабилни, а во други исклучително нестабилни пени, а за да разберат зошто пените толку многу се разликуваат во својата стабилност, со својот тим проучувал градба на меурите кои се составен дел од секоја пена.

Конечно успеале да ја „пресликаат“ пената со потполно нова техника за која велат, сега можат да ја применат и на пивото- со цел да направат „совршена“ пена на врвот од криглата која би била постојана се до последната голтка.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....