11.8 C
Скопје
22:29 - 23 април, 2024

Хари Хамлин ја загуби улогата во „Индијана Џоунс“, бидејќи го озборуваше Стивен Спилберг!

Тој не знаел дека додека прави колач, всушност се наоѓа на аудиција.

Хари Хамлин тврди дека бил блиску до добивање на улогата за Индијала Џоунс, но наместо него ја добил Харисон Форд и тоа после необичната аудиција која тргнала во лоша насока. Во разговорт за „Page Six“, Хамлин рекол дека во 1978 година се сретнал со Стивен Спилберг заедно со Стефани Зимбалист, која дошла на аудицијата за улогата на Марион Рејвенвуд, партнерката на Индијана Џоунс. Спилберг тогаш им рекол дека Џорџ Лукас, извршниот продуцент за филмот „Крадците на изгубениот ковчег“, ќе доцни и дека побарал од актерите додека го чекаат Лукас, да направат чоколаден колач.

View this post on Instagram

Oh Abe! We miss you!!

A post shared by Harry Hamlin (@harryrhamlin) on

„Ја затвори вратата и си замина, а ние останавме во кујната сами“, се присетил Хамлин. „Ја прашав Стефани дали некогаш правела чоколаден колач, а таа ми одговори дека не. Хамилтон тврди дека сето тоа се случувало пред скриените камери, бидејќи Спилберг и Лукас сакале да видат дали постои хемија помеѓу Хамлин и Стефани Зимбалист. Додека тие двајца се обидувале да направат колач, Хамлин започнал да ѝ раскажува приказни за Спилберг кои ги слушнал од својата пријателка Ејми Ирвинг. Ејми Ирвинг во 1985 година се венчала со Спилберг.

„Зборував за тоа како Ејми ги повикала своите пријателки во Лос Анџелес и им рекла дека во Њујорк ја следи еден режисер и како тој режисер, кој бил Стивен Спилберг, многу ѝ иде на нерви, бидејќи секоја вечер се појавува со цвеќиња на задните врати од театарот“, раскажал Хамилтон додавајќи дека ниту на крај памет не му било дека може да се наоѓа на самата аудиција додека го прави колачот.

View this post on Instagram

Summer of "93! Malibu in love!

A post shared by Harry Hamlin (@harryrhamlin) on

На крајот Харисон Форд ја добил улогата за Индијана Џоунс додека Карен Ален ја добила улогата за Марион Рејвенвуд. Хамлин во 80-те стана ѕвезда во тв-серијата „Закон во Лос Анџелес“, но никогаш не добил улога во некои од филмовите на Спилберг. „Не сум добил улога и никогаш не сум работел со Стивен Спилберг, а ви гарантирам и дека никогаш нема да работам со Спилберг како што никогаш нема да научам како се прави колач“, потврдил Хамлин.

View this post on Instagram

Last night of summer

A post shared by Harry Hamlin (@harryrhamlin) on

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....