8.8 C
Скопје
11:45 - 19 март, 2024

Зошто монотонија? Вратете ја страста во емотивната врска

Независно колку страст имало помеѓу партнерите на почетокот на врската, доколку нема промени и возбуда – врската станува монотона и здодевна.

Истите места за излегување, старите филмови, познатите дестинации за одмор … Секојдневната поза во сексот, црвеното вино со вечерата, постојаните теми и бескрајно здодевните разговори за нив. Тоа е монотонија што ја уништува страста во секоја врска. Пред да посакате да го смените партнерот, препорачливо е да го промените начинот на однесување во Вашата врска.

Барајте заедничко хоби или спортска активност

Досега можеби сте го задржале Вашето хоби и интереси надвор од Вашата врска, но ова е моментот да ги претставите пред Вашата сакана личност. Со тоа ќе најдете некоја нова активност со која ќе уживате заедно. Ова ќе Ви даде можност да се радувате на успехот на Вашиот партнер, како и да се поддржувате едни со други. И бидејќи ќе поминете повеќе време заедно од вообичаеното, пламенот на љубовта повторно ќе се појави во Вас.

Сексот не смее да се подразбира или да е задолжителен – треба да се посака

Помните со што Ве привлече Вашиот партнер. Дали е тоа начинот на кој Ве погледна, прегрна, бакна, купи подарок… Доколку сега тоа го нема, разговарајте на таа тема. Објаснете дека тоа недостига во врската – неговото или нејзиното внимание.

Размислете колку сте навистина привлечни за партнерот во пижами, наместо секси долна облека. Променете нешто во врска со вашата рутина додека водите љубов. Бидете иницијатор да започнете со нови експерименти и предигри.

Немојте да сте премногу сериозни

Доколку партнерот се бори обидувајќи се да Ве насмее, согласете се на тоа. Иако не е роден комичар, важно е да го цените стремежот. Од друга страна ако тој без причина се обидува да создаде романтичен амбиент и посака да танцувате, на средина на работната недела – не ги наведувајте обврските што ги имате, туку препуштете се на задоволството. Кога ќе Ве погледне и ќе укаже колку му значите, не ја вртете главата и не барајте начин да избегате од дадената ситуација. Во врската колку ќе пружите, толку ќе добиете.

Заменете ја критиката со комплименти

Со текот на времето, се повеќе ги забораваме квалитетите на нашата сакана личност и ги гледаме само неговите недостатоци. Ова подразбира критика и префрлување. Ние сме совршени во очите на оној што не сака, се додека тој отворено не ни каже дека не сме. Затоа, бидете внимателни со критиките. Конструктивни критики или насоки се пожелни, затоа што тие водат кон подобрување на врската – но, повеќе од тоа може значително да ја разниша врската. Не штедете комплименти на сметката на Вашиот партнер.

Слични објави

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо

Нова Година 2024: Што може, а што не може да се подари во Годината на Змејот

Еспресо

Денес е Свети Никола, што да (не)правите на овој голем ден

Еспресо
Се вчитува....