9.8 C
Скопје
09:48 - 19 април, 2024

Што по разводот? Четири знаци дека сте подготвени за нова љубов!

Секој развод е помалку или повеќе стресен, без разлика дали со партнерот сте се разделиле на мирен начин или со квага и тензија, потребно е одредено време за повторно да се доведете во состојба да запознаете нови личности и евентуално да ги внесете во својот живот.

Следниве четири значи ќе ви покажат кога сте подготвени да продолжите понатаму:

1. Не размислувате толку често за поранешниот партнер/партнерка

По разводот, луѓето најчесто ги анализираат сите работи кои тргнале наопаку. Лути се и повредени, па некогаш се чувствуваат лошо и поради својот дел од вината кој допринел за разделбата. На почетокот, овие негативни мисли можат да го уништат човекот. Понекогаш е нужна и стручна помош за да се надмине тој период. Меѓутоа, кога ќе дојде утрото кога ќе се разбудите исчекувајќи нови можности во својот живот, кога нема да ве мачат болката и гневот кои долго сте ги чувствувале, тогаш знаете дека сте подготвени да тргнете понатаму.

2. Уживате во излегувањето со семејството и пријателите

По разводот може да се јави период во кој не сте подготвени да се гледате со никого. Само сакате да бидете во својот кревет и да спиете. Последна работа која ви е потребна е соочување со пријателите или семејството. Меѓутоа, еднаш кога ќе добиете желба повторно да излезете со најдобрите пријатели или да се сретнете со семејството, ќе сфатите дека веќе сте уморни од тоа да бидете сами. Ова претставува јасен знак дека сте подготвени да свртите нова страница во животот.

Фото: Профимедиа

3. Вашиот гнев исчезнал

За време и по разводот, веројатно ќе чувствувате горчина и гнев кон себе и сопругата или сопругот поради се она што се случило, како и поради тоа што сте дозволиле да се случи. На почетокот веројатно ќе ја обвинувате другата страна, но со текот на време ќе ги увидувате и сопствентие грешки. Со самото тоа ќе почнете да му простувате на партнерот, бидејќи нема да сакате негативноста и проблемите од минатото да влијаат на вашата иднина.

4. Ќе почнете да сочувствувате со самите себеси

По разделбата, можеби ќе влезете во искушение да се прејадете. Можеби ќе ви биде тешко да спиете или ќе најдете утеха во алкохол или нешто слично. Меѓутоа, ако сакате да продолжите понатаму, морате да се соочите со болката. За ова е потребна храброст, но колку повеќе дозволувате да ја почувствувате болката, толку таа ќе има помала контрола над вас.

Со текот на времето повторно ќе почнете да се грижите за себеси. Ќе јадете здрава храна и подобро ќе спиете. Ќе правите и многу ситници само за да си угодите самите на себе. Ќе сфатите дека ќе можете да пробате нови работи во животот и ќе си дадете вистинска шанса да продолжите понатаму.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....