13.8 C
Скопје
00:04 - 25 април, 2024

Врската или бракот ви се пред крај? 4 сигурни знаци дека нешто не е во ред!

Најчесто, ако во односот со партнерот постојат слични несогласувања, тогаш нивниот заеднички живот е осуден на пропаст. Секако, паровите често се среќаваат со проблеми и конфликти, а токму тие разидувања можат да бидат последната капка во чашата.

Токму овие 4 знаци покажуваат дека најверојатно наскоро ќе се разделите…

Ве критикуваат вас, а не вашите постапки

Ова е неконструктивна критика од партнерот. Во овој случај, сопругот или сопругата се лути на карактерните особини и личноста на партнерот. Сето тоа може да се сведе на фразите „ти никогаш…”, „зошто си таков (а јас)…”, „ти секогаш…” итн. Притоа, доколку нешто не оди според планот, виновникот за проблемите не се околностите во кои сте се нашле, туку сопругот или сопругата.

Нападот е најдобра одбрана

Еден од партнерите постојано мисли дека од него другиот е постојано незадоволен и дека постојано го критикува? Во овој случај тој пробува да ги оправда своите постапки или на критиката одговара со критика. Како резултат се јавуваат бескрајни обвинувања помеѓу партнерите.

Презир

Почитувањето е основа на сите добри односи, без оглед дали станува збор за брак или врска. Непочитувањето и презирот се убијци на бракот. Ако партнерот јавно ја исмева својата друга половина или си дозволува да користи навредлив сарказам и разни надимаци, тогаш треба сериозно да се замислите за ваквата ситуација.

Бегање од конфликти

Ако личноста се повлекла во себе и не сака да разговара, најдобро решение е да и се даде време да размисли во мир и тишина. Тоа воопшто не значи дека партнерот не сака да разговара со вас. Едноставно понекогаш на човекот му е потребно да биде сам за да сфати што се случува

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....