Внесете свежина во спалната – Еве како повторно да ја разгорите страста помеѓу вас и вашиот партнер

Без разлика дали барате идеи за да ги зачините нештата во креветот или пак, само сакате да пробате нешто ново, следен пат фокусирајте се на предиграта и брзо ќе забележите дека нештата стануваат многу позабавни од претходно.

Одложувањето на самиот сексуален акт ќе направи да копнеете еден за друг и крајните резултати ќе вредат за чекањето! Обидете се со овие 4 видови предигра за да ги достигнете најжешките моменти меѓу вас двајца!

1. Носете секси долна облека

Следен пат кога ќе се договорите да одите на вечера во ресторан, облечете нешто секси под вашата вообичаена облека. Не му кажувајте ништо на партнерот се додека не сте во автомобилот, на неколку минути од ресторанот. Тогаш дискретно покажете му што го очекува кога ќе се вратите дома и натерајте го да чека цела вечер за да го види и останатиот дел.

2. Направете игра

Почнете да се бакнувате и да се соблекувате еден со друг, но не дозволувајте си да скокнете веднаш на главниот акт. Обидете се да се мотивирате да издржите што е можно повеќе пред да се предадете и смислете казна за губитникот, односно за оној што прв ќе попушти.

3. Бањајте се заедно

Опуштете се по долгиот ден со пенлива купка или жежок туш заедно со вашиот партнер. На овој начин заеднички ќе ги измиете и сите оние стресови и тензии што се „залепиле“ за вас во текот на денот и ќе можете подобро да уживате во вашето присуство. Додајте свеќи околу кадата за романтична атмосфера или пуштете музика додека се бакнувате под тушот. На спалната соба може да ве чекаат чоколади со кои ќе се засладите по бањата, за дополнително да го одложите сексуалниот чин.

4. Заврзете ги очите на вашиот партнер

Нештата можат да бидат многу поинтересни ако ги затворите очите на партнерот со вратоврска или марама. Почнете да го/ја бакнувате по вратот, стомакот или кое било друго место, полека симнувајќи се надолу. Ако навистина сакате да го/ја воодушевите, држете ледена коцка во устата додека со бакнежите се спуштате надолу.

Слични објави

Шерон Стоун барала момче онлајн, а апликацијата ја блокирала

Слободен печат

Оваа комбинација на бои ќе биде апсолутен пролетен хит: Со нив секој стајлинг ќе изгледа скапо и префинето (ФОТО)

Еспресо

Роби Вилијамс по три недели карантин стигна дома, децата потрчаа да го гушнат (ВИДЕО)

Еспресо

Повеќе од 1.300 жалби за настапот на Шакира и Џеј Ло на Супербол: „Ова е порнографски и срамно!“ (ВИДЕО)

Еспресо

Зошто временските прогнози се честопати погрешни?

Еспресо

Шварценегер е ЦАР! Ќе се воодушевите кога ќе видите кого донел на работа! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

13 − 7 =

Слични објави

Почина легендата на џез музиката: Саксафонистот Ману Дибанго ја загуби битката со коронавирусот

Еспресо

Ќе ви се заврти во глава: Откриен колкав е хонорарот на Луна во „Задруга“ (ВИДЕО)

Вистинска зимска идила: Бајковити места кои мора да ги посетите барем еднаш во животот!

Слободен печат

Шерон Стоун: „Ме удри гром, одлетав преку целата кујна и удрив во фрижидерот – среќна сум што преживеав“

Еспресо

СЕ ПРИЛЕПИ ДО НЕГО И НЕ ГО ПУШТА – Марија Шерифовиќ во Америка ужива со НЕГО! (ВИДЕО)

Еспресо

Тој си дозволи да ја изгуби косата, па тој ли ќе биде крал на Англија?

Igor