13.8 C
Скопје
17:02 - 19 април, 2024

Ова се одговорите на 8 интимни прашања кои ви е страв да ги поставите!

Истражувањата покажуваат дека водиме љубов помалце од било кога. Вена Рампхал, сексуалната терапевтка, верува дека причината е тоа што премногу сме срамежливи или недоволно храбри за да разговараме за тоа. Таа за Mirror ги одговорила најчестите прашања поставени во врска со сексот.

Како да го побараме од партнерот тоа што го сакаме во кревет?

Учени сме често потребите на другите луѓе да ги ставаме пред своите, но тоа не е добра пракса кога се работи за сексот.

Вистината гласи: Доколку зборите за она што го саката, сите ќе имаат корист. Доколку вам ви е убаво и добро си поминувате во кревет, тогап и вашиот партнер исто така. Започнете разговор на таа тема додека сте во кревет. Користете ги точните зборови и бидете јасни кога зборувате за тоа што го сакате.

Доколку се чувствувате нервозно, повежбајте порано што точно сакате да кажете. Важно е за сексот да разговарате и надвор од спалната соба. Бидете храбри, покажете го тоа што го сакате, како и тоа што не го сакате – од поза до фантазија. Не заборавајте дека другата страна нема да може да знае што сакате се додека не ѝ кажете. Никој од вас не знае да чита мисли.

Unsplash/Toa Heftiba

После долга врска дошло до раскинување и сега расте нервозата со помислата на секс со друга личност. Што да направите?

Сега е време за уживање. Заборавете на сите правила и уживајте во искуството кое доаѓа со годините.

На пример, нема потреба да го одложувате сексот доколку не сакате. Заслуживте право да не губите време, така што направете го тоа што го сакате. Не заборавајте да користите заштита.

Технологијата во огромна мера ги промени околностите за запознавање и денес запознавање некој преку социјалните мрежи е доста популарно. Доколку имате некои посебни интереси, интернет-страниците за запознавање може да ви го олеснат барањето на луѓе кои што се слични на вас.

Меѓутоа, немојте да се врзувате исклучиво на интернет запознавањата. Се уште е можно да запознаете прекрасна личност и во реалниот свет.

Unsplash

Ми здосади мојот сексуален живот и мојата врска се распаѓа. Како да ја вратам изгубената искра?

Веројатно во вашата врска се вовлекла рутина која често е удобна, но не е секси. Закажете сексуален состанок.

Доколку помислите на годините кога сте започнале да излагате, сетете се на трудот кој што сте го вложувале во припремите, облакањето и се останата за состанокот да биде убав. Потребно е да го вратите тој начин на размислување. Организирајте состанок и припремете се како да сте од скоро заљубени.

Воедно, искористете го тоа како изговор да пробате нешто поинакво – нова поза или секс во необична доба на денот.

Моето тело се промени со текот на годините. Како да ја вратам самодовербата?

Со промена на исхраната. Начинот на кој размислуваме за своето тели не е само од психолошка природа, туку и хемиска. Хранта која ја јадеме многу влијае на начинот на кој размислуваме за себе.

Вистина е дека брзата и нездрава храна не прави да се чувствуваме неубаво и непривлечно. Обидете се да јадете повеќе зелена храна и да го намалите внесувањето на алкохол. Исто така, јадете што помалку преработена храна, пијте повеќе вода, како и билни чаеви наместо кафе.

Одберете некои од овие предлози и одлучно придржувајте се кон нив. Ќе се чувствувате поинаку, ќе имате повеќе енергија, кожата ќе ви биде посветла, а како резултат на сето тоа и вашата самодоверба ќе расте.

Исто така, погледнете ја и својата гардероба. Дали работите од вашиот шкаф ве прават да се чувствувате удобно во својата кожа? Можеби е време за шопинг. Купете го она во кое се чувствувате одлично и носете ја таа гардероба секојдневно за дополнително да ви се зголеми самодовербата.

Unsplash/Jeremy Banks

Мојот партнер не се чувствува секси. Како да му помогнам?

Во посилните врски, една од работите кои можете да ја направите се промените во прехраната за која е пишано во претходниот пасус, но овој пат тоа правете го заедно како пар.

Исто така, зборувајте му на партнерот колку го сакате и колку го посакувате неговото тело. Бидете конкретни во врска со тоа што го сакате и сметате дека е секси. Не мора тоа да биде само она што вас ве возбудува, туку и работите кои партнерот ги придонесува во вашиот однос и врска.

Дури и наизглед небитни работи, како и сеќавањето на поклонетиот букет од омилени цветови, може да биде важно.

Кога станува збор за сексот, кажете му ги на партнерот работите кои ви се допаѓаат. Тоа ќе му ја зголеми самодовербата и начинот на кој настапува. Доколку приметите дека вашата сакана личност не сака да има секс додека е запалено светлото, обидете се со свеќи или благо осветлување. Меѓутоа, важно е да има барем малку светло – нека вашиот партнер сфати дека сакате да го гледате.

Како да ја намалите вознемираноста од сексуалниот чин?

Во филмовите тоа изгледа совршено, но запаметите дека филмскиот секс е лажен секс. Во него нема ништо вистинско. Со оглед на тоа дека во денешно време на екраните е многу достапен, низ филмови или порнографија, лесно е да се тргне по тој трнлив пат на споредување со глумците. Наместо да се посветувате на другите, посветите се самите на себе. Работете на своја техника – како да допирате или да бакнувате. Ако не сте сигурни во себе, знајте дека тие тоа се вештини кои можат да се подобрат. Сепак, секогаш ќе има нешто во што нема да се чувствувате добри, нешто што доаѓа природно. Фокусирајте се на тоа и продолжите да се надоградувате.

Како да предложите сексуални играчи без да го преплашите партнерот?

Unsplash/Vidar Nordli

Одлуката е на вас дали сакате или не сакате да користите сексуални играчки. Некои не сакаат да ги користат, но тие можат да бидат одличен начин да започнете долга врска. Ако сте нервозни, почнете со преврзување на очите. Тоа не е сексуална играчка, но е нешто поразлично.

Единствено кога вам ќе ви биде удобно можете да преминете и на некои играчки кои се поавантуристички. Запомнете дека сексот треба да биде забавен и дека треба да го направите таков. Не ги сфаќајте работите премногу сериозно.

На интернет има толку многу сексуални совети, како да знам на кои можам да им верувам?

Кога барате совет преку интернет, добро е да го проверите тоа што сте го прочитале. Не се потпирајте на само една интернет локација или на еден блог, туку обидете се да ја побарате информаците од повеќе различни извори. Ако на повеќе места се појавува истата или слична поента, веројатно во текстот можете да имате доверба.

Избегнувајте ја Wikipediа бидејќи таму може секој да ги менува текстовите. Наместо тоа, обидете се со специјализирани страници, но внимавајте на текстовите на кои единствена цел им е да заработат „кликови“. Ако сакате да пробате нешто ново во спалната соба, не двоумете се да разговарате со вистински луѓе. Зборувајте со пријателите на оваа тема, но само со ние кои ви се многу блиски. Во случај на било какво медицинско прашање, секогаш разговарајте со професионалец.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....