13.8 C
Скопје
17:40 - 19 април, 2024

Неколку фази во сексуалниот живот низ кои минуваат сите парови

Познато е дека луѓето се менуваат со текот на годините, а со тоа се менува и нивниот однос. Ова важи и за сексуалниот живот, кој во бракот или во долгата врска поминува низ неколку различни фази.

Прочитајте за кои фази станува збор:

Опседнатност со партнерот

Првата фаза е проследена со еуфорија и возбуда кон партнерот. Мозокот во тоа време е восхитен од страста и убавите чувства кои ослободуваат голема количина на серотонин, хормонот на среќа, и допамин кој на телото му дава енергија. Голем дел од времето партнерите го поминуваат во кревет.

Прегратки

По првата фаза, стастите се намалуваат и настапува фазата на гушкање. Тогаш ви е поважно да се чувствувате сигурно отколку да имате брз секс на задните седишта во вашиот автомобил.

Игри на моќ

Во оваа фаза, со партнерот се натпреварувате за тоа кој ќе биде подоминантен. Расправиите можат да бидат интензивни и чести, а сексот се користи како оружје.

„Кокетирање“ со други

Паровите сфаќаат дека мора да имаат живот надвор од врската. Тогаш бараат некакво хоби или различна активност. Ова се одразува и на сексуалниот живот. Најчесто, чувствуваат потреба за кокетирање со други луѓе, а љубомората во овој дел од врската најмногу го зачинува сексуалниот живот.

Хаос по раѓањето на децата

Во оваа фаза уморот и ненаспаноста се одразуваат на сексуалниот живот. Но, не треба да ве загрижува ова бидејќи откако ќе се навикнете, повторно ќе ги разгорите страстите во спалната соба.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....