5.8 C
Скопје
02:30 - 29 март, 2024

Добро е да знаете: Како да се преживее разделбата?

Секое раскинување на врска е тешко и болно, но не го прифаќаме сите на ист начин. Вооружете се со трпение и опкружете се со вистинските луѓе, кои ќе ви дадат поддршка. Бидејќи сѐ поминува, па така и тагата има рок на траење…

Прашање од читател:

„Себеси секогаш се сметав за силна личност, но се случи нешто што ја зеде целата моја енергија и верба во себе. Имено, раскинувањето со саканиот човек толку беше мачно што ми се чини дека сѐ добро е зад мене.

Најмногу ме вознемирува тоа што непрекинато, како расипана плоча, мислам за тоа.

Обидите да го одвлечам вниманието помагаат, но накратко. Сеќавањата упорно ме следат како сенка, создавајќи де очај, де бес, де силна желба да го видам повторно.

Сакав да ве прашам колку може да трае ваквата состојба, може ли да се надмине или скршеното срце не може веќе да се состави?“

Оливера (34)

Губењето на саканиот човек и процесот на раскинување поминуваат низ фази на привикнување на новата реалност. Напоменувам, во почетокот тоа е одрекување и многу е тешко да се поверува во разделбата бидејќи уште тлее надежта дека сѐ може да се смени.

Во вториот стадиум доаѓа до сознанието за неизбежноста од губитокот, човекот преживува лутење и силна повреденост. Понатаму се „тргува“ – обид за договор со себе или со бившиот партнер, барање повод за можен контакт, давање себеси временски рамки.

Кога ќе помине активната фаза, настапува состојба на депресија: свесност дека е бесмислено да се негираат губитокот, тагата, апатијата, незаинтересираноста за што било, самосожалувањето. Не може да се утврди точното траење на сите фази. Понекогаш памтењето може да ги отфрли емоциите во поранешните етапи.

На крајот, последниот стадиум е прифаќањето. Мислите и понатаму се појавуваат, но ја немаат онаа некогашна емоционална јачина. Мозокот се привикнал на новата реалност и ја прифатил.

Најпрво одредете во која емоционална фаза од губитокот се наоѓате во овој миг. Потрудете се да им дадете одмор на своите емоции, обратете им се на луѓе што ќе ве поддржат. Ако е тоа стадиумот на депресија, не обидувајте се да го „приспособите времето“.

По неа доаѓа прифаќањето.

Секој ден започнувајте го со фразата:

Го отпуштам, молам за простување за сите нанесени навреди, му посакувам среќа. Ставам точка на изминатите односи, почнувам нов, среќен живот.“

Прекинувањето на односот е поврзано со големо губење енергија и таа треба да се надомести. Дури и ако мислите дека немате сила за тоа, натерајте се и станете активни, земајте комплекс витамини, направете си себеси распоред во текот на денот и живејте по тој план.

Обрнете внимание и на исхраната, човекот по раскинување или избегнува јадење или се прејадува. Тоа не значи дека болните мисли ќе исчезнат, но овие мерки ја зголемуваат отпорноста на организмот и го зајакнуваат ослабениот нервен систем.

 

 

Слични објави

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо

Која е тајната на косата на Трамп: Бојадисување на негов начин, лекови и трансплатација

Еспресо
Се вчитува....