Зошто понеделникот секогаш ни е толку тежок?

Бројни студии покажаа дека на повеќето од нас расположението во понеделник им е полошо отколку во другите денови во неделата. Феноменот е опејуван и во многу песни, а стручњаците ги издвоија причините поради кои тој ден толку тешко ни паѓа.

Телесниот ритам е пореметен

Постојат физиолошки причини кои објаснуваат зошто природниот телесен циклус ни е пореметен во понеделник, а тоа посебно се однесува на оние кои работат од понеделник до петок. Проблемот е во тоа што за викенд повеќе спиеме во споредба со остатокот од неделата, па во понеделник телото повторно се прилагодува на порано будење.

Покрај тоа, некои можеби викендот ќе го искористат за излегување или можност да останат будни до доцна, а поради тоа во понеделник ќе бидат уморни.

Кога сме уморни, имаме намалена толеранција, нетрпеливи сме и лошо расположени“, вели д-р Санем Хафез, психолог од Њујорк.

Сме го изгубиле чувството на слобода

Најчестата причина поради која луѓето сметаат дека понеделникот е многу тежок е бидејќи следи по два дена уживање. Ова масовно емоционално поместување на некои навистина може да им го направи понеделникот навистина тежок и ужасен“, вели Хафез.

Не си ја сакаме работата

Уште една вообичаена причина поради која луѓето го мразат понеделникот е ако тие не си ја сакаат работата или таа им е исклучително стресна. Тогаш е можно дури и да се доживее физичка реакција како налет на адреналин или мачнина.

Без оглед дали се работи за шеф кој многу бара или токсични колеги, чувствата на мачнина и депресија можат да се појават проквечер во недела, а поради тоа е тешко да се чувствува радост поради враќање на работа во понеделник“, објаснува Хафез.

Не сме се подготвиле

Понеделниците на луѓето можат да им се чинат како натрупани со обврски, но многумина не сфаќаат дека самите се можеби виновни за тоа. Кога некој не успева да се подготви, потсвесно се подготвува за неуспех. Ако неделата не се користи да се организираме, понеделникот може да биде многу стресен и неподнослив“, вели Хафез.

Нашата култура ни зборува дека го мразиме понеделникот

Живееме во култура во која вообичаениот став кон работата е одразен во изјавата „Фала богу што е петок“, а понеделниците станаа заеднички непријател“, вели Беки Стуемфиг, семеен советник од Калифорнија.

Не сакаме промени

Клиничкиот психолог од Чикаго, Џон Мајер, вели дека не ги сакаме понеделниците и поради тоа што носат чувсто на промена.

Понеделниците вклучуваат транзиција, а луѓето чувствуваат тегоба пред, во текот и по транзицијата, бидејќи транзициите секогаш претставуваат нешто непознато, а почетокот на работната недела обично крие доста непознаници.“

Како и да е, но понеделникот мора да дојде на почетокот од секоја работна недела. Затоа, организирајте се и подгответе се и нема да ви биде толку стресен.

Слични објави

Стилот или го имаш или го немаш: Боки 13 и во судница со модерни патики од 500 евра (ФОТО)

Igor

Откриена нова „мини Месечина“, која во моментов кружи околу Земјата

Еспресо

Маја е ќерка на ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ ПАР: Ќе ве изненади колку личи и на двајцата

Igor

НИКАДЕ БЕЗ МАЧКИТЕ: Оскаровката има посебна врска со своите миленичиња

Igor

Скандалозна слика на актерката: Покажала малку повеќе при излегувањето од кола, а не била „средена“ (ФОТО)

Igor

НАРЦИС ИЛИ ОШТЕТЕН? Вашиот тип на маж открива многу информации и за вас

Igor

Остави Коментар

1 × оне =

Слични објави

Торта која ги буди сите сетила: Раскошен десерт со јагоди во кој секој ќе ужива!

Igor

„Кристалните чорапи“ на Мајкл Џексон на аукција, почетната цена 97.500 евра!

Igor

Ниту Паркинсоновата болест не може да го победи Ози Озборн: Не сакам никогаш да одам во пензија!

Еспресо

ТЕМНАТА страна на гламурозната свадба на Рамос

Igor

РАЗГОЛЕНА НА 66 ГОДИНИ: Даница Максимовиќ во танга (ФОТО)

Igor

Цвеќарките од пазарот „Буњаковец“ откриваат како Божиќната ѕвезда да ви трае подолго

Слободен печат
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian