11.8 C
Скопје
14:33 - 23 април, 2024

Зоро, Попај и Шерлок Холмс биле вистински личности!

Филмските ликови можат да бидат плод на фантазија, да бидат поврзани со вистински случувања, а некогаш се мешавина од едното и од другото.

Многу од култните ликови настанале според личности кои навистина постоеле.

Зоро
Еден од најпознатите филмски ликови од 90-тите, Зоро, е направен според ликот на „Мексиканскиот Робин Худ“. Хоакин Муриета бил рудар чие семејство било постојано напаѓано, а власта не преземала ништо во врска со тоа. Затоа тој одлучил работите да ги земе во свои раце. Формирал банда која ограбувала и убивала, но на крај бил фатен од тексашките ренџери.

Норман Бејтс – Психо
Филмот „Психо“ на Алфред Хичкок е еден од најпознатите хорор филмови. Неговото дејство го следи животот на Норман Бејтс кој се поистоветува со својата психички нестабилна мајка. Психо настанал според ликот на Ед Геин, кој во 50-тите години почнал да се поистоветува со својата мајка, а пред тоа се обидувал да удоволи на секој нејзин каприц.

Северус Снејп (Хари Потер)
Џ. К. Роулинг со својот талент создаде цел волшебен свет во книгите за Хари Потер. Еден од највпечатливите ликови од книгата е професорот Северус Снејп, а инспирација за неговиот лик Роулинг добила од својот професор по хемија Џон Нетлшип.

Попај
Е. Ц. Сегер, творецот на еден од најпознатите морнари на светот, Попај, инспирација за овој лик добил од локалниот „жесток“ морнар Френк „Роки“ Фигел. Фигел не само што изгледал како Попај, туку имал и ист карактер како него.

Шерлок Холмс
Артур Конан Дојл го создал Шерлок Холмс уште во 1887 година по углед на Џозеф Бел кој предавал форензика. Исто како и Холмс, и Бел и асистирал на полицијата во решавање на злосторства, но тој никогаш не ја напуштил својата работа за да работи во полиција.

Слични објави

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

еспресо

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо

Браво за пејачот Никола Роквиќ: Ќе пешачи 1 150 км за хуманитарни цели

еспресо
Се вчитува....