21.8 C
Скопје
12:05 - 28 март, 2024

Видела како странец и става нешто во пијалокот: Ги заменила чашите и доживеала морничава сцена

Британката Лили Поулс од Гримсби излегла во познат ноќен клуб со пријателките, а веруваме дека тоа што и се случило никогаш нема да може да го заборави, јавува Дајли Мејл.

Младата девојка одлично се забавувала се додека во еден момент не забележала дека еден непознат маж се врти околу нејзината маса, а потоа се посомневала дека и ставил нешто во појалокот.

Бидејќи била многу внимателна, веднаш реагирала. Кога тој заминал во тоалет, ја искористила приликата да ги замени чашите.

Истиот лик два пати ми нарача пијалок, па кога се врати да ми донесе нов го видов дека нешто ставаше во чашата. Кога замина во тоалет ги заменив пијалоците, а подоцна го видов онесвестен на влажниот тротоар. Ти благодарам што го испи тоа наместо мене, кој и да си, откри Поулс во објавата на Твитер.

Таа со раскажувањето на оваа приказна сака да ја подигне свеста кај жените да обрнат повеќе внимание на своите пијалоци, доколку им ги нудат непознати мажи во ноќните клубови.

??

Publiée par Lily Powles sur Samedi 3 septembre 2016

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....