14.8 C
Скопје
22:10 - 16 април, 2024

Тито, Хитлер, Фројд и Сталин: Во иста година живееле во ист град!

Човечката историја е неизмерно важна, а кога ја учиме најчесто се фокусираме на конкретна работа, личност или настан во некое време. Но, интересно е тоа што голем број на работи се меѓусебно испреплетени и поврзани.

Подолунаведениве работи се токму некои од нив, односно факти поради кои лесно може да се посомневаме во перцепцијата за времето низ историјата, како и поттик работите да ги гледаме од друг агол.

1. Кралицата Елизабета Втора и Мерлин Монро се родени во иста година

Актуелната кралица на Велика Британија има 92 години, а со повеќе од шест децении поминати на престолот, таа е една од најдолговечните владатели во историјата.

Во текот на 66-годишното владеење и служеа 13 премиери – помеѓу кои беше и Винстон Черчил. Во текот на овој период се променети и 13 претседатели на САД, почнувајќи од Труман.

Необично е тоа што самата кралица Елизабета е родена на 21 април, 1926 година, што е само два месеци порано од раѓањето на славната актерка и секс икона, Мерлин Монро.

Кога овие две жени имале 30 години се сретнале во Лондон, на премиерата на филмот „Battle of the River Plate“. Сведоците на овој настан, раскажуваат како Мерлин трпеливо го чекала својот ред за да се поздрави со кралицата.

2. За време на американската Граѓанска војна отворена е подземна железничка станица во Лондон

Лондонската железничка која популарно го носеше името „The Tube“, започна со работа на 10 јануари 1863 година, кога американската граѓанска војна беше во полн ек.

Токму тој јануари Абрахам Линколн издаде Еманципациска прокламација, која наложуваше слобода за „сите лица кои се во ропство“. Иако прокламацијата имаше ограничен ефект, сепак беше од големо значење.

Подоцна таа година се водеше и битката за Гетсбург, што беше пресуден момент во целата таа војна. Денеска животот и сообраќајот во Лондон не можат да се замислат без оваа подземна железница. Кога станува збор за граѓанската војна, таа и натаму зазема средишно место во американската историја.

3. Првиот филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ е објавен истата година кога почина Елвис Присли

Во пролетта 1977 година Џорџ Лукас објави филм за кој никој, па ниту самиот Лукас неверуваше дека ќе доживее толкав успех. Снимањето на „Војната на ѕвездите“ беше напорно, меѓутоа овој филм значеше и најава за раѓањето на најпопуларната франшиза на научно-фантастични филмови во светот.

Profimedia

Додека тоа беше голем плус за забавата на индустријата, истата година оваа индустрија ја погоди вистинска трагедија – смрт на кралот на рокенролот, Елвис Присли.

4. Сите живееја во ист град во 1913 година – од Тито до Хитлер

Адолф Хитлер, Лав Троцки, Јосиф Сталин, Јосип Броз Тито и Зигмунд Фројд–  петте познати имиња кои на свој начин го одбележаа 20-тиот век.

Животите на овие пет великани се поврзуваат во Виена, која во тој период е главен град на Австроунгарското царство, во 1913 година.

Profimedia

Теориите на Фројд во тој период беа добро воспоставени, Хитлер и натаму беше паметен откако по вторпат е одбиен да стане дел од Виенската академија на ликовни уметности. Троцки и Сталин во тој период беа во бегство во Виена, додека Тито се наоѓал во градот поради пари, работејќи во компанијата за автомобили Daimler.

Дали некој од нив тогаш знаел колку нивните имиња ќе станат значајни за историјата до крајот на векот?

Доволно чудно е и да се помисли дека тие на момент меѓусебно се разминувале по улиците во истиот град во кој своевремено живееле. 

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....