11.8 C
Скопје
22:18 - 19 април, 2024

Смртта на Британи Марфи е една од најголемите мистерии: Испливаа нови теории за трагично настраданата глумица

Британи Марфи почина пред 10 години, а нејзиното тело го пронашол сопругот Сајмон Монџек во нивната вила во Холивуд. Во тогашниот медицински извештај пишува дека умрела од воспаление на белите дробови и анемија.

Околу смртта на Британи постојат многу теории, многу прашања останаа без одговор, а има многумина кои на тие прашања сакаат да ги добијат одговорите.

Во последно време на социјалните мрежи повторно се појавуваат различни теории во врска со нејзината смрт.

profimedia

Со оглед на тоа што нејзиниот сопруг починал на ист начин, се зборуваше за убиство, а меѓу сомнителите лица се најде и нејзината мајка. Се ширеа гласини дека во бракот со Сајмон Британи била потчинета, искористена и изманипулирана.

Ова се петте причини поради кои сè уште се наметнува прашањето што ја убило младата глумица.

1. Иако патологот рекол дека починала од природна смрт поради воспаление на белите дробови и анемија, подоцна се испоставило дека престанала да диши поради комбинација на различни лекови. Во нејзината соба биле пронајдени дури 90 различни лекови.

2. Нејзиниот сопруг Сајмон починал пет месеци подоцна од истите причини. Експертите тврдат дека тоа не е невозможно, но е многу ретко. Иако никогаш јавно не признале, полицијата на Лос Анџелес случајот го водела како убиство. По лабораториските наоди, таткото на глумицата изјавил дека му изгледа како да се работи за убиство, а не за природна смрт.

profimedia

3. Лошата репутација на Сајмон и фактот дека никој не бил среќен кога се омажила за него. Многумина го обвинувале дека ја искористува, дека е измамник и едноставно многу лоша личност.

4. Никогаш јавно не е објавен наодот колку куќата во која живеела Британи е безбедна за живеење. Нејзината мајка Шерон подигнала обвинение бидејќи никогаш не ги добила наодите кои би укажале на тоа дека во куќата имало отровни материи. Една од популарните теории е дека глумицата била отруена со отров за глувци. Со оглед на тоа што куќата не била прогласена за место на злосторство, опциите на крај не биле подлабоко истражени.

profimedia

5. Патологот никогаш повторно не го покренал случајот за кој изјавил дека е случаен, но морал да биде спречен. Бритни била болна најмалку две недели и ако навреме ја донеле во болница сигурно би и помогнале. Останува прашањето зошто помошта не е повикана навреме, иако глумицата се борела за да дојде до воздух. Тоа било вистинска агонија.

За жал, случајот нема да биде повторно отворен ако не се појави некој нов доказ кој би укажал на тоа дека навистина се работи за криминал.

Останува фактот дека двајца луѓе умреле во рок од пет месеци на сосема ист начин, на сосема исто место.

profimedia

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....