6.8 C
Скопје
00:58 - 29 март, 2024

Сеќавање на омилената принцеза: Грејс Кели, музата на Хичкок заробена во златен кафез (ФОТО+ВИДЕО)

Тажната вест ја заобиколи светот пред 38 години. Тогаш 53-годишната принцеза од Монако, Грејс, загина во сообраќајна несреќа. Излетала од патот откако во текот на возењето доживеала мозочен удар. Со нејзе во автомобилот била нејзината 17-годишна ќерка Стефани, која ја преживеала несреќата.

Грејс Кели до денес остана синоним за грациозност, стил убавина… Беше вистинска холивудска дива, а толку била талентирана што го инспирирала и легендарниот Алфред Хичкок.

Profimedia

„Знаете зошто во своите филмови преферирам софистицирани русокоси? Затоа што ме интересираат вистинските дами кои во спалната соба стануваат кур.и.“, рекол познатиот режисер Алфред Хичкок за русокосите актерки во неговите филмови, меѓу кои била и неговата омилена муза Грејс Кели, чија „ледена“ убавина ја опишувал како „вулкан прекириен со снег“.

На исконскиот симбол на женственост, елеганција и стил на Грејс Кели не му одолејаа плејада холивудски заводници, а успехот во глумата бил само дел од сонот кој Грејс го остварила пред да стане принцеза од Монако.

Profimedia

Ги завела Клерк Гејбл и Кери Грант

Споредната улога во „Четиринаесет часа“ ѝ ја отвори вратата на Холивуд, кого го освои со улогата на младата сопруга на шерифот во „Точно напладне“, во кој глумеше со големиот Гари Купер.

За „Могамбо“ доби Оскар за најдобра споредна глумица, но икона на филмот стана благодарение на Хичкок, кој ѝ даде можност во познатиот филм „Јави се на М за убиство“ да го искаже талентот.

Грејс имала сè што еден од најголемите филмски режисери барале во својата муза – држење, елеганција, убавина која го одзема здивот, а пред сè оган кој тлее длабоко под ледената површина.

Profimedia

Освен што станала фатална за филмските партнери, како што е Реј Миланд, кој поради неа се развел, а на снимањето на филмот „Девојка од село“ љубовници ѝ биле и Бинг Крозби и Вилијам Холден, се зборувало дека страстите ги задоволувала во кревет со Кери Грант, поради што филмската куќа МГМ одвојувала огромни суми да ги замолчи таблоидите кои пишувале за тоа.

Потврда за талентот на филмското платно добила во 1954 година кога е номинирана за најдобра главна улога во филмот „Девојка од село“, но по златната статуетка дошла една година подоцна за филмот „Провинцијалка“.

Profimedia

Нејзиниот успех во Хоиливуд не го воодушевил нејзиното семејство, особено татко ѝ, кој пред новинарите изјавил:

„Не можам да верувам дека Грејс успеа. Сè што таа некогаш можеше да направи, Пеги (постарата ќерка), можеше уште подобро.“

Чеиз за титулата принцеза

Во летото 1954 година со Кери Грант била на француската ривиера поради снимање на новиот филм на Хичкок. „Ледениот поглед“, како што многумина ги опишувале очите на холивудската ѕвезда, ѝ го привлекот Монако, кој се наѕирал во далечината.

Profimedia

„Чии градини се тоа?“, го прашала Грејс писателот на сценариото Џон Мичел Хејс. „На принцот Грималди“, ѝ одговорил тој на глумицата која не ни насетувала дека зад ѕидините на кнежевството Монако ќе го помине остатокот од животот.

Набрзо по овој разговор Грејс го запознала и го заробила срцето на принцот Рение Грималди, кој по венчавката ја „заробил“ глумицата ставајќи ја во златниот кафез – неговата раскошна палата, и принудувајќи ја да се откаже од она што најмногу го сакала – глумата.

Судбоносната средба на принцот и кралицата на Холивуд се случил во 1955 година на Филмскиот фестивал во Кан.

Грималди во тој период бил во незавидна ситуација. Без наследник на престолот, Монако би било припоено кон Франција, а кнежевството било во голема криза бидејќи коцкарниците кои биле главен извор на приходи по Втората светска војна многу не ги привлекувале туристите.

Profimedia

На принцот од Монако му се брзало, а во глумицата видел идеална брачна сопатничка, па за Божиќ 1955 година ја посетил глумицата и нејзиното семејство во Филаделфија изненадувајќи ја со просидбата.

Веста за веридбата го одушевила светот, кој не ни насетувал дека наместо романтично шепотење на двајца вљубени, всушност се водел практичен разговор за чеизот кој требало да го извлече кнежевсвото од финансиските проблеми.

Титулата принцеза ја чинела два милиони долари, но цената на кралскиот живот, како што подoцна се поkажало, била многу поголема.

Велат дека Грејс ја мразела секоја секунда од венчавката на векот, како што тогаш била наречена, на која присуствувале 600 гости, а покрај малите екрани ја следеле околу три милиони гледачи.

грејс кели

Милиони жени се виделе себеси во венчаницата која за Грејс Кели ја дизајнирала Хелен Роуз од 30 метри свила, тантела стара 125 години и илјада бисери вткаени во велот.

Profimedia

Принцезата од Монако, одвоена од семејството и пријателите во палата која не ја сакала, ја гушело и тоа што на секој чекор ја следеле новинари или туристи. Времето го исполнувала работејќи за Црвен крст и воспитувајќи ги своите три деца, принцезата Каролина, принцот Алберт и принцезата Стефани.

На кобниот 13 септември 1982 година тргнала со помладата ќерка Стефани да одберат фустани за кнежевскиот бал. Патот до палатата Грималди скоро на сите места имал банкини, освен на свиокот од кој слетал „роверот“ на Грејс. Автомобилот се превртел од патот во провалија.

Стефани успеала да се извлече, а принцезата Грејс останала во колата без свест. Била префрлена во болница, а ситуацијата ѝ се влошила и паднала во кома. Починала следниот ден.

Profimedia

По нејзината смрт, принцот Рение ставил забрана за нејзините филмови. Веќе не смееле да се прикажуваат во Монако.

Во прошталниот говор глумецот Џејмс Стјуард рекол:

„Знаете, јас многу ја сакам Грејс Кели. Не затоа што беше принцеза, ни бидејќи беше глумица, туку затоа што беше најљубезната дама која некогаш сум ја запознал. Грејс во мојот живот го донесе она што го донесе и во вашиот, нежно, топло светло, а секогаш кога би ја видел би почувствувал како да е некој посебен празник.“

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....