10.8 C
Скопје
07:59 - 25 април, 2024

Ова се неколку совети како да подготвите совршена скара за 1 мај

Први мај кај нас се прославува со традиционално подготвување скара. Оваа година многумина поради ограниченото движење, првомајската скара ќе подготвуваат во дворовите, а некои и на терасите. Како и да е, традиционалната подготовка на печено месо, консумирано заедно со ладни напитоци и свежа сезонска салата, нема да изостане. Доколку немате можност да подготвите скара на жар, можете месото да го испечете на електрична скара во вашата кујна. Како и да е, сите на овој ден ќе уживаат во традиционалното подготвување на скарата.

Внимавајте на жарот на скарата

Иако секоја година се подготвува скара, вистинските мајстори секогаш имаат свои тајни кон кои се придржуваат. Тајната на големите скараџии лежи во маринадите што ги подготвуваат и во кои неколку часови го чуваат месото пред да го испечат, но и во редењето на дрвата За да има скарата жар подолго време, препорачливо е да се користат дабови дрва. Дабот, споредбено со буката, многу подолго го зачувува жарот, што ќе помогне со исто количество дрва да испечете повеќе месо.

Исто така, важно е на кој начин ќе го распоредите жарот. Обрнете внимание жарот од изгорените дрва да биде распореден насекаде, а не само во централниот дел на скарата.

Сепак, доколку не сте сигурни околу изборот на дрва, во тој случај најсигурна варијанта за да имате успешна првомајска скара е да користите ќумур.

Гответе на чад, не на оган

За да добиете вкусно испечено месо, кое нема да биде недопечено во средишниот дел а изгорено на површината, треба да внимавате да го наредите на решетката во моментот кога дрвата комплетно ќе изгорат. За да добиете вкусна скара, важно е да го печете месото, но и зеленчукот, на чад, а не на оган.

Доколку печете помрсно месо, како што се, на пример, ребрата или колбасите, секогаш при рака имајте вода со која би го гаснеле огнот што се пали од жарчињата поради капењето на маснотијата.

 

Месото мора да биде целосно одмрзнато

Традиционално, на првомајската скара се печат повеќе видови месо какви што се, на пример, колбаси, ребра, плескавици, ќебапчиња, раженчиња…

Се пече и крцкав леб, но и зеленчук, пиперка, домати, печурки и компири.

За да подготвите сочно месо, кое нема комплетно да се исуши на скарата, внимавајте никогаш да не го ставате на оган доколку комплетно не е одмрзнато. За да добиете вкусен оброк, најдобро е месото најмалку два часа претходно да отстои на собна температура. Сепак, за да добиете извонреден вкус, најдобро е месото, независно од тоа дали станува збор за телешко, јунешко, свинско или пилешко, претходно околу 24 часа да го оставите да отстои во маринада.

Маринада за месо на скара

Доколку сакате да го зачините месото, пред да го испечете, подгответе ја оваа маринада што може да се користи за сите видови месо, па дури и за пилешкото кое е значително „посуво“ споредено со свинското месо.

За да ја подготвите маринадата, ви требаат следните состојки:

200 милилитри масло за јадење

100 милилитри јаболков оцет

2 лажици лук во прав

2 ситно сечкани чешниња свеж лук

2 лажици сол

1 мала лажичка шеќер

1 лажичка црн бибер

1 мала лажичка црвен пипер

2 лажици соја сос

50 грама мед

една китка свеж магдонос

За оваа маринада, потребно е да имате околу еден килограм месо, на пример, ребра, кременадли, бело пилешко месо, па дури и свински џигер.

Месото ставете го во подлабок сад, а потоа во ставете ситно исечкан магдонос, како и сите други состојки потребни за подготовка на маринадата. Со раце, убаво „втријте“ ги состојките во месото, а потоа оставете го да отстои во фрижидер околу 24 часа. По истекот на потребното време, можете вака подготвеното месо да го испечете на скара и да уживате во неговиот уникатен вкус.

Подгответе си самите смеса за плескавици и ќебапчиња

Многу повкусни ќебапчиња и плескавици независно од тоа дали сакате да имате на трпезата обична, шарска, гурманска или ловџиска плескавица е доколку самите си ја подготвите мешавината со мелено месо и други додатоци, кои подоцна ќе ги обликувате по ваша желба.

Секогаш меленото месо треба да биде во еднаков сооднос. Па така, доколку на пример користите 500 грама свинско мелено месо, додајте ѝ на смесата исто толкаво количество и телешко месо.

Покрај меленото месо, во смесата секогаш ставајте поголемо количество ситно сечкан кромид, презла, јајце и, се разбира, зачини по ваш вкус. Сите состојки измесете ги убаво со рака, а потоа обликувајте ги по ваша желба.

Гурманска плескавица

1 килограм мешано мелено месо
4 главици кромид
Малку свеж магдонос
2 лажици лебни трошки
2 лажици буковец
2 лажички мешан сув зачин
1 лажичка црн бибер
1 лажичка оригано
300 грама млечен кашкавал
масло за јадење со кое ќе ги обликувате плескавиците

Подготовка:
На штица за сечкање иситнете го кромид. Доколку не сте сигурни дека со нож ќе успеете да ги иситните парчињата кромид, користете рачен блендер. Откако ќе го подготвите кромидот, ставете го во поголем сад, додајте ги меленото месо, ситно исечканиот магдонос и сите зачини потребни за подготовка на овој вид плескавица.
Од добиената смеса обликувајте плескавици, а во нивната внатрешност ставете по едно парче кашкавал.

Раженчиња од зеленчук

Состојки:
500 грама шампињони
2 пиперки
1 тиквичка
2 главици кромид
10 чери домати
Зачини по ваш вкус

Подготовка:

Зеленчукот убаво измијте го и исчистете го. Шампињоните во зависност од големината, исечете ги на половина или на четвртинки. Кромидот и тиквичките исечете ги на тркалца. Доматите искористете ги цели, а пиперката исечкајте ја на покрупни коцки. Вака подготвениот зеленчук ставете го во сад, зачинете го по ваша желба, а потоа земете ги дрвените стапчиња за подготовка на раженчиња и наредете го зеленчукот. На крај, испечете ги на скара.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....