23.8 C
Скопје
14:24 - 29 март, 2024

Открила опасна нуклеарна кражба, а потоа почнале чудни случувања: Прво ја озрачиле, а кога сакала да даде интервју мистериозно загинала

Карен Силквуд е синдикалната активистка која била најдена мртва во постројката за плутониум, а полицијата во записникот забележала дека се работи за автомобилска несреќа.

Меѓутоа, оние кои биле блиски со неа се посомневале во тоа. Таа имала три деца на возраст од пет, три и една и пол година. На најстарата ќерка ѝ рекла дека ќе оди по цигари и никогаш не се вратила.

Силквуд работела како техничар по металографија во постројката за производство на плутониум во Оклахома, под раководство на Кер Мекги и била член на синдикатот на нафтени, хемиски и атомски работници вработени во производството.

Набрзо по нејзиното доаѓање бил организиран штрајк, но тој не успеал и многу од работниците ја прекинале врската со синдикатот. Силквуд не била прва жена во преговарачкиот одбор на синдикатот, но била обвинета зашто почнала да ги истражува здравствените и безбедносните услови во кои работеле работниците во фабриката.

Во 1974 година таа сведочела пред Комисијата за атомска енергија дека открила сериозни прекршувања на здравствените и безбедносните прописи и приложила докази за излевање, пропуштање, неисправни производи, како и исчезнување на плутониум во количини доволни да се направат неколку смртоносни нуклеарни бомби. Таа исто така тврдела дека компанијата ги фалсификувала инспекциските записници.

Потоа почнале да ѝ се случуваат чудни работи.

Околу еден месец подоцна, при рутинска проверка, Силквуд открила дека е изложена на зрачење 400 пати поголемо од дозволената граница. Била испратена дома со препорака за спроведување на дополнителни тестови. Два месеца подоцна, откако ѝ била утврдена контаминација на белите дробови со плутониум, ја пратиле на понатамошни испитувања во националната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико.

Силквуд била убедена дека е намерно контаминирана поради пријавите и истрагите против раководителите на компанијата, кои подоцна на судењата тврделе дека таа самата се контаминирала за да ги обвини.

Сепак, иако нивоата на зрачење во нејзиниот стан биле високи, не било откриено зрачење ниту во нејзиниот автомобил, ниту во работниот ормар. На 13 ноември таа решила да ја сподели нејзината приказна во јавност.

Собрала докази за нелегалното работење на постројката и тргнала кон Оклахома Сити да се запознае со претставник на националната унија и известувач за „Њујорк тајмс“, кога нејзиниот автомобил излетал од патот и удрил во ограда, а таа го загубила животот на 28 години.

Во нејзиниот автомобил биле пронајдени таблети мандракс, во тоа време многу популарен лек против несоница и седатив кој се користел како хипнотичко средство во рекреативни цели.

Траги од овој седатив биле пронајдени и во нејзината крв, поради што во полицискиот записник било внесено дека таа заспала зад воланот.

Но, нејзините блиски забележале дека на патот имало траги од сопирање, па инсистирале на објаснување – како можела да кочи ако заспала зад воланот.

Вдлабнатините и гребаниците на предниот браник ги навеле да помислат дека некој намерно сакал таа да излета од патот.

Документите кои сакала да му ги покаже на издавачот никогаш не биле најдени. Сето тоа довело до истрага во фабриката, што покажало дека многу од обвиненијата за кои зборувала Силквуд се точни.

Погонот во Кимарон бил затворен во 1975 година.

Таткото и децата на Силквуд поднеле тужба против фабриката, не поради нејзината мистериозна смрт, туку поради намерна небрежност, што довело до нејзино контаминирање со плутониум.

Според книгата на Ричард Рашк „Убиството на Карен Силквуд“, закани, па дури и физички напади претрпеле и нивните адвокати.

Сепак, поротата пресудила во корист на семејството и им доделила 10.5 милиони долари, износ кој по жалбата бил намален на само 5000 долари, колку за отштета на уништените лични предмети за време на деконтаминацијата на станот. Врховниот суд на САД повторно го отворил случајот, а Кер Мекги вонсудски се спогодил со семејството за отштета од 1.38 милиони долари. За жал, во спогодбата не било споменато никакво вознемирување на или надвор од работното место.

-Се гордеам со мајка ми. Дали го направи тоа за да стане легенда каква што стана, всушност и не е важно – рекол синот на Силквуд за магазинот „Пипл“ во 1999 година.

Нејзината ќерка никогаш не ѝ простила што ненадејно ја напуштила куќата и си заминала.

-Сигурна сум дека го направи тоа што го направи зашто беше проблематична. Не верувам дека нејзините намери беа толку добри, како што тврдат сите – изјавила таа.

На крајот на краиштата, која и да била нејзината намера, нејзината приказна останува фасцинантна.

 

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....