11.8 C
Скопје
21:34 - 28 март, 2024

Од плакарот на Анита: Фејк шуи

Фенг шуи? Па јас досега сум живеела според фејк шуи (земја-воздух), не знам ни како сум преживеала со олку прекршоци…

Знаете за она фенг шуи – древниот кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата, чијшто изворен назив на дисциплината всушност е Кан ју? Доколку не сте знаеле, фенг шуи во буквален превод на македонски значи „воздух-вода“. Двете главни „енергии“ кои ни се најпотребни. За храна не ни спомнале…

Јас сега знам – Седнав сериозно да прочитам за оваа древна дисциплина и останав шокирана…

Драги дами, сигурно сте прочитале дека според фенг шуи влезот во домот треба да биде расчистен, ходниците треба да ви бидат празни и чисти, никако полни со чевли! Кујната секогаш уредна, домот полн со билки, даската од ВЦ-школката постојано затворена, креветот треба да ви биде поставен со главата да лежите кон исток, свеќите се задолжителни за секоја просторија и што уште не…

Свежиот воздух исто така е задолжителен (не знам само каде ќе го најдете), часовникот треба да стои правилно, никако накривен, а ѕидовите да ви се полни со фенг шуи слики. Чиниите никако не смеат да ви бидат напукнати, ниту чашите, а на купчињата од стари весници и хартија заборавете. Доколку имате мебел со остри рабови, тоа е сериозно прекршување, па бидете љубезни и заоблете ги со турпија, валканите чорапи што сте ги фрлиле во ќошот исто така ви се непријател. Креветот задолжително мора да има ногарки. Пожелно е да ја имате и фигурата од Буда за да „вриете“ од пари. Не се шегувам!

Седам и читам…

– Немојте да седите, спиете или работите ако не сте во можност да имате поглед на влезната врата – ауууу па да земам да ја ставам вратата на средина, од секаде да ја гледам.

– Валканите алишта надвор од домот – добро, ајде ќе ги перам во комшии.

– Доколку чувствувате дека во вашиот дом се насобрала негативна енергија, посипете морска сол по аглите на домот и по дворот околу куќата, а можете да помешате сол и топла вода и со тоа да ги избришете подовите – леле луѓе паганштина ли е ова?

– Чистете со жалфија и потоа запалете ја за да го прочистите просторот од злите духови – а за опасност од пожар ништо не спомнале.

– Пуштете гласна музика, смирувачка и позитивна, нека биде и духовна… Поправете ги цевките и покривот, не поседувајте уметнички дела кои асоцираат на негативно, а исто така нагласиле и дека треба да ги почитуваме парите.

Фенг шуи? Па јас досега сум живеела според фејк шуи (земја-воздух), не знам ни како сум преживеала со олку прекршоци, ниту енергија ниту пари до мене допреле, за среќа да не зборуваме, како пишувам така чувствувам и прстиве ми трнат и видот почна да ми се мати, а можеби и домот го делам и со два-три зли духа и неколку демони.

Фејк шуи сум комплет, од глава до пети, од под до таван. Како ли ми успеа ниедно нивно правило да не го погодам, онака „несакајќи“.

Јас па си мислев ова е некоја релаксирачка дисциплина, тоа да ти било комплицирано, како математика еј, а искрено си мислев и дека „пали“ онаа народната – само здравје и ксмет да си имам.

Ама не!

Му се поклонувам на оној кој успеал да ги испочитува и да ги примени сите овие наредби, а всушност и совет барам… Бидејќи и покрај сите прочитани правила за фенг шуи, сè уште не сфатив – Јас всушност смеам ли во домот да бидам или треба да стојам пред врата?

 

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....