3.8 C
Скопје
06:18 - 20 април, 2024

Обидете се: Одгледајте си храна во пластични чаши

Додека седите дома и се обидувате да смислите начини како побрзо да ви помине времето, бидејќи сега не е препорачливо да се излегува надвор, обидете се да бидете креативни и да изнајдете начин како самите да си одгледате храна.

Имено, сите дома имаат многу пластични чаши, па токму нив можете да ги искористите за да одгледате храна, која ќе биде органски израсната и нема да ја третирате хемиски.

На тој начин, ќе заштедите пари, ќе јадете здрави плодови, а истовремено ќе започнете ново хоби, кое ќе ви помогне полесно да го издржите периодот на изолација.

Доколку сте упорни, многу наскоро ќе имате своја мала бавча, која ќе ја чувате во кујната, ќе ја ставите на тераса или, пак, кога ќе потпорасне, ќе ја пресадите во двор.

Доколку сакате да го направите тоа, потребни ќе ви бидат пластични чаши или можете да исечете неколку пластични шишиња на половина. Потоа, направете им дупчиња во долниот дел и наполнете ги со земја. Во нив можете да засадите јагоди, зачински растенија, па дури и лук и кромид.

Сѐ што треба да направите е пред да ја изедете јагодата, да ѝ ги извадите семките што се наоѓаат на површината. Постојат околу 200 мали семчиња во една јагода, што би значело 200 нови потенцијални садници. За да добиете млад лук или кромид, доволно е во секоја чаша да ставите по една главица од кромидот или лукот што го имате дома.

Доколку ги поставите на светлина и редовно ги полевате, за околу 20 дена ќе јадете свеж кромид и лук од вашата импровизирана градина, а кога станува збор за јагодите, за нив ќе ви треба малку подолго време.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....