18.8 C
Скопје
14:24 - 20 април, 2024

Не сте виделе ваква баба: Има 63 години, а изгледа како да има 23! (ФОТО)

Тајландската актерка, пејачка и тв-водителка Чен Меифен последните неколку дена привлече внимание на бројни светски медиуми.

Изгледа дека на многумина не им е јасно како Чен „не старее“. Оваа Тајланѓанка има 63 години, а изгледа како барем „дупло помлада“ како што тврдат нејзините обожаватели. 

Instagram

Чен неодамна ја водела емисијата на националната телевизија и сите ги освоила со својата појава. Тајландската водителка носела проѕирен фустан со бисери и пердуви кои ги покривале „клучните“ делови на телото, а цената на фустанот изнесувала 15 илјади фунти.

Фустанот ги открил и нејзините затегнати стомачни мускули, а многу обожаватели се прашувале која е тајната на Чен за младиот изглед. Оваа актерка последните 30 години е активна пред малите екрани и ја носи титулата за „најзгодна тетка во Тајланд“.

Instagram

Ѕвездата на националната телевизија тврди дека својот изглед го добила благодарение на постојаното конзумирање ѓумбир и јадење супа за доручек.

„Инаку, во супата додавам и парче ѓумбир. Мислам дека поради тоа имам блескава кожа“, изјавила таа во едно телефонско интервју. Покрај здравата исхрана, Чен не може да се натера да иде во теретана, па има приватен тренер со кој вежба еднаш до 2 пати неделно.

Instagram

„Знам дека треба да вежбам. Љубоморан на оние луѓе кои идат во теретана од навика. Јас секогаш морам да се присилувам да вежбам“, признала Чен која има 52 килограми, а носи штикли секој ден. Сепак, Чен е најсреќна кога може да се опушти, па тогаш носи фармерки и маица со кратки ракави.

Instagram

Тајландската водителка последните 5 години е соло. Поминала низ тежок развод од сопругот со кој била во брак 10 години, а вели дека вербата во љубовта се уште не ја изгубила.

„Мажите сакаат млади жени, така што ми е тешко да пронајдам идеален партнер“, заклучува Чен.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....