11.8 C
Скопје
12:23 - 23 април, 2024

Милионерот уапсен зашто наместо маска на лицето, ја носел тангата на жена му! (ФОТО+ВИДЕО)

Технолошкиот тајкун Џон Мекафи (74), сопственик на компанијата „Мекафи“, која се занимава со безбедносна заштита на оперативните системи, е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија.

„Проблематичниот“ милионер ги објавува своите авантури на Твитер, па дури и модринките што ги добива од повремени тепачки во кои учествува.

Поради последниот инцидент Мекафи беше уапсен во Норвешка.

Апсењето го пренесувал во живо на Твитер, а објаснува зошто не сака да носи маска на лицето, туку претпочита танги.

Image

Неговата компанија прави програми за заштита од компјутерски вируси, но Џон Мекафи не верува во коронавирусот.

Последниве месеци, и покрај пандемијата, Мекафи често патуваше низ целиот свет со приватен авион.

Милионерот бил уапсен во Норвешка затоа што наместо маска, како заштита на лицето ја носел тангата на сопругата.

„Тврдам дека тоа е најдобрата заштита и одбивам да носам што било друго. Маската ги штити луѓето од бактерии, а не од вируси”, напиша милионерот на Твитер.

Image

Џенис, сопругата на Џон, на Твитер напиша дека ќе го води твитер-налог сè додека тој не избега од затвор (вообичаен метод), додека не поткупи некого (би можел да излезе за неколку часа), да најде добар адвокат (би можело да потрае неколку дена) или да стане управник на затворот (во тој случај ќе мора да го избркаме).

Twitter

Таа потоа го поддржа сопругот и неговиот избор на заштита:
„Маските ги запираат бактериите. Не вирусите, народе“, навела Џенис и објаснила дека и таа одбила да стави маска над нејзината „танга маска“, но норвешките власти само ја привеле, а не ја уапсиле.

Неколку часа подоцна Џенис постави снимка од аеродромската чекална на која се гледа како пие шампањско од пластична чаша.
„Џон е единствената личност што ја познавам која може да ви набави шампањско од притвор“, напишала таа.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....