14.8 C
Скопје
15:54 - 19 април, 2024

Мајка повикала полиција бидејќи немала со што да го нахрани бебето – Еве што сториле полицајците среде ноќ!

Полицајците ширум светот веќе се навикнати луѓето да ги бараат поради бизарни причини, но повикот кој им го упатила мајката Шанон Бирд од американската сојузна држава Утах сигурно не го очекувале. Мајката на 5 деца ги повикала полицајците среде ноќ бидејќи немала како да ја нахрани двомесечната ќерка.

Шанон никогаш претходно немала проблеми со доењето, па немала потреба да купува кашички и млеко за бебето. Сепак, кога ќерка ѝ ноќта се разбудила плачејќи, Шанон не можела да ја нахрани. Како што вели, едноставно млекото од градите не сакало да излезе и не била во состојба да дои.

View this post on Instagram

petco® run with my litter

A post shared by Shannon Bird (@birdalamode) on

Признала дека во ладилникот имала резервни шишиња млеко, но многу добро знаела дека тие ќе бидат доволни само за еден оброк, а нејзината ќерка мора да јаде на секои два часа.

„Почнав да паничам“, признала Шанон, која не знаела што да направи.

Нејзиниот сопруг бил надвор од градот, а 5-те деца спиеле во истата куќа. Не можела само така да ја напушти куќата и да отиде во некој маркет кој постојано работи, а никој од соседите и останатите членови од семејството не ѝ враќал на повиците, бидејќи, како што вели, сите спиеле.

View this post on Instagram

morning madness

A post shared by Shannon Bird (@birdalamode) on

Потоа се сетила да повика полиција.

„Никогаш не сум била во ваква ситуација, млекото едноставно ми пресуши“, одговорила на телефонската слушалка на прашањето за хитноста на овој случај.

Полицајците многу брзо се појавиле на врата со млеко и храна за бебето во раце и одбиле да примат било какви пари за услугата.

View this post on Instagram

londons 1st flight… wish us luck

A post shared by Shannon Bird (@birdalamode) on

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....