Лимонот ќе ви помогне да се разубавите! Еве како…

Позитивната улога што ја има лимонот врз нашето здравје е позната уште многу одамна. Лимоновиот сок освен како лековит пијалак, може да се употреби во безброј различни ситуации кои ќе ни го подобрат секојдневниот живот.

Богат со овошни киселини и природни шеќери, лимонот е антиоксиданс кој се користи во различни козметички препарати кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за нејзино повторно регенерирање. Но, не мора да трошите огромно богатство за да изгледате убаво. Со наша помош можете да направите домашни маски од кои ќе бидете вистински изненадени.

Маска за суви и оштетени усни

Направете смеса од по една лажичка павлака, сок од лимон и мед. Мешајте додека сите состојки добро не се изедначат. Потоа маската нанесете ја на усните. За подобри резултати, најдобро е да ги третирате усните една недела.

Маска за отстранување брчки

Измешајте во еден сад една лажичка мед, неколку капки свежо исцеден сок од лимон и слатко бадемово масло. Нанесете ја маската да стои на лицето околу 20 минути. За крај, нежно измијте го лицето. Доколку немате бадемово масло, бананите можат да бидат одлична замена.

Маска за освежување на лицето

1 лажичка мед, 1 лажица сок од лимон и пола блендирана краставица ставете во еден сад и добро измешајте. Подготвената смеса нанесете ја на лицето и оставете да делува околу 10 минути. Свежината на вашето лице повторно ќе се врати, а со тоа и вашето расположение.

Лосион за убави раце

За да имате убави раце доволно е да измешате 3 лажички сок од лимон, 6 лажички мед и 8 лажички бадемово масло. Кога смесата ќе се изедначи, убаво втријте ја на рацете. Оставете да делува околу 10 до 12 минути. Потоа измијте ги рацете со еднаква количина на оцет и вода. Вака направениот лосион може да стои околу 2 недели.

Маска за побелување на кожата

Измешајте доматен џус и сок од лимон во еднакви количини. Потоа, употребете меки пешкири кои апсорбираат. После кратко време, ќе ја забележите магичната промена на вашата кожа.

Слични објави

Татјана Алексиќ: Читаме за да постоиме!

Александра Велинова

Торта која ги буди сите сетила: Раскошен десерт со јагоди во кој секој ќе ужива!

Igor

Милионите буквално му паднале од небо – Жежок камен вреден 1,5 милион евра му го пробил кровот и слетал во дневната

Васко Спасоски

Зорбинг – екстремна забава и возбудлив спорт

Еспресо

На девојчето за крај на хемотерапијата му направиле прослава од автомобил: Ме преплавија емоции!

Еспресо

ЗБОГУМ ШТИКЛИ: Патиките го добиваат заслуженото место на тронот

Igor

Остави Коментар

деветнаесет − петнаесет =

Слични објави

Жена на 111 години го победи коронавирусот

Еспресо

Велигден во животинското царство (ФОТО)

Еспресо

Во тренд е џиновски цвет!

Igor

Со овој НАПИТОК ќе ги решите проблемите со МАСНИТЕ НАСЛАГИ: Само 1 децилитар дневно прави чуда во вашиот организам (ФОТО)

Igor

Не им останува ништо освен песна: Италијанците во карантин на балкони пеат за љубовта, солидарноста и пријателството (ВИДЕО)

Еспресо

Десерт кој ќе ви го направи денот поубав – Палачинки со вкус на кафе

Igor
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian